Press "Enter" to skip to content

Вечер на “Магнолија“ претставување на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска – Давкова

Денес во Битола ќе се одржи првиот митинг за претставување на кандидатите за претседател, а вечерва тоа ќе го направи ВМРО-ДПМНЕ, и ќе биде преставен нивниот претседателски кандидат, Гордана Силјановска – Давкова.

За вечерашниот митинг, секрерот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајковски, ги повика битолчани да бидат на “Магнолија“ при што рече:-Почитувани битолчани, се повикувам да присуствувате на големиот народен митинг за претставување на нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска – Давкова.  Денес, понеделник, во 20,30 часот заедно со нас прифатете ја подадената рака и заедно да ја градиме Македонија. Македонија, горда, за Битола да биде уште погорда.