Press "Enter" to skip to content

“Да ги почитуваме различностите“ работилница во градинката “Снегулка“

Во градинката “Снегулка“ во Битола, се одржа работилница во која децата кои ја посетуваат имаа можност да научат за културата на Ромите, нивното знаме, нивната химна, на која зборуваа вработени од НУУБ “Св. Климент Охридски“ од Битола.

Работилницата имаше цел децата да направат компарација со другите култура, кои се различности а кои се сличности.Преку креативни активности најмалите се дружеа со библиотекарката Фатма Бајрам Аземовска и Гзиме Комина негувател во оваа градинка, од кои можеа да добијат одговор на секое прашање.

-Секоја култура претставува богатството на еден народ. Да учиме за различните култура ни дава моќ да сознаеме нови работи, да ги почитуваме другите и тие да не почитуваат нас. Нека е честит 8ми април Светскиот ден на Ромите, порачаа од работилницата.

More from ВестиMore posts in Вести »