Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен 60 годишник кој упатувал закани кон полицајци, каснување од кучиња скитници

На 07.04.2024 во 13.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 60 годишник од Битола затоа што агресивно се однесувал и упатувал закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.04.2024 во 21.30 часот во СВР Битола, Ф.К. (21) од Битола пријавил дека на ул.„Климент Охридски” бил каснат од куче скитник.

На 08.04.2024 во 00.30 часот во СВР Битола, Ј.П. (49) од Битола пријавил дека  на ул.„Сава Ковачевиќ” бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »