Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: влијание на преголемо анализирање и споредување на себе со другите луѓе на социјалните мрежи

Беспрекорно селфи, фенси шејк, здрав појадок, утринско кафе со ружа, книга на денот, мотивациска порака… Дружба со пријатели на кафе, ручек…Забави, журки…Групно
селфи… Букет цвеќиња од партнерот… Дипломирање, награди, признанија, Егзотични патувања, храна, коктели… Инфлуенсери ги распакуваат подароците од разни брендови, видеа и фотографии од егзотични патувања, филтрирани селфиња и фотошопирана реалност. Привлечна заради голем број лајкови популарност, лесна и брза заработувачка и успех.

Сето ова ни се појавува во виртуелниот свет или на социјалните мрежи, Facebook, Instagram, Tik Tok секојдневно 24/7. А каква е реалноста ? Сигурно многу поинаква…

Затоа виртуелниот свет станува многу попривлечен од реалниот и можеби причина што се повеќе време ќе поминуваме на истиот. Но, да бидеме свесни какво е влијанието врз нас. Зависност од технологија и апликации е голем проблем на денешнцата.

Покрај забавни и едукативни содржини на социјалните мрежи, вниманието ни го привлекуваат – туѓите животи. Поточно делови кои се внимателно избрани за јавно прикажување. (На инстаграм хајлајт ретко наоѓаме на нечии најтажни моменти во
годината). Дополнително чувство на анксиозност и ниска вредност ни создаваат беспрекорните кадрови и видео снимки на инфлуенсерите. Иако знаеме дека голем број на објави се исценирани, испланирани, Вообичаено се појавува чувство на восхит или завист. Фомо ефектот (објава во Совети bitolanews.mk) или чувство на „пропуштање“ најчесто се јавува кога некој од нашите пријатели или колеги објави случка на која не сме можеле да присуствуваме или не сме биле поканети.

Ова може да доведе до сомнеж во односите и дилеми дали некој ни е прав пријател или не. Ако тука додадеме и дали некој ни лајкувал или НЕ некоја наша објава… и наши претпоставки Дали ни е вистински пријател кој се радува на нашите успеси или ни завидува? Иако да се мери пријателството и нашата позиција во светот преку објави на Интернет звучи многу смашно, тоа може да стане голем проблем.

Исто така, многу трендови и вести во светот се разменуваат онлајн. Ако не знаеме за најновите теми кои кружат на Интернет кога се зборува во социјалните дружби, ни се јавува чувство на пропуштање или отфрленост во друштво.

Ова е само дел од користење на социјални мрежи, но што ќе се случи ако ова оди во лоша крајност?

Прекомерното споредување на сопствениот живот со она што може да се види на социјалите мрежи може да доведе до последици на нашето ментално здравје.

Може да ни го поремети социјалниот живот и односите со другите луѓе. Многу лесно може да се чувствуваш помалку вреден кога ги гледаме луѓето кои имаат истите години како и и ние, а животот им е среден и забавен.

Ова може да предизвика тежина на генерацијата Zed која е засилена со содржини за славните личности на социјалните мрежи: Покрај младите музичари и актери, да се стане познат и успешен преку Тук Ток или Инстаграм е еден нов и брз пат заработување пари и кон слава. Многу млади луѓе чувствуваат огромен притисок да што побрзо се доведат во ред и пронајдат успешна кариера веднаш после школувањето.

Исто така зачестено е поставување на журки и социјални случувања кои претставуваат и притисок на младите да, ако не ги искористат своите „најдобри години на овај начин го пропуштаат забавниот живот“.

Ви се чини ли дека сечиј живот што редовно го следите на Инстаграм е многу подобар од вашиот. Нормално, кога реалноста што се сервира во овој виртуелен свет на лајкови е гламурозна и сјајна. Таа заслепува со блесокот и нуди бегство од реалноста, а за возврат зема дел од „слободата“ на корисникот и влијае врз неговото ментално здравје.

Често споредување со другите на Интернет може да доведе до комплекси на ниска вредност, анксиозност, незадоволство, па дури и депресивност и депресија. Најголемо влијание има врз младите, но секако дека може да има влијание и на сите без оглед на возраст и пол.

Заклучок

Ова може да има сериозни последици на нашата перцепција на реалноста, но и на нашите прави и искрени човечки односи.

Препораки

Неколку начини на кои можете да ги спречите негативните влијанија. Пронајдете хоби во кое ќе уживате, но немојте да го поставувајте на социјалните мрежи. Иако е многу примамливо да споделите мигови од планинарење,тренинг, цртеж или на нешто што сте горди на. Потрудите се да ова остане уживање кое го правите само за себе.

-Променете ја содржината. Пронајдете едукативни теми кои можете да ги истражувате и времето поминато на телефон да го направите продуктивно.

-Одредете кои се ваши искрени пријатели, а кои познаници или само пријатели на социјални мрежи. Прави пријатели се оние пред кои немаме потреба да се докажуваме или да ги импресионираме. Доволно е да излезете со со некој од нив. Со некој кој ни е драг да имаме приземни и искрени разговори. На овие пријатели можете да им се доверите дали споредувањето на социјалните мрежи или ФОМО ефектот (стравот да не пропуштите нешто) понекогаш ви станува сериозен проблем за вас.