Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот од Советот на општината, Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на воведните активности за отпочнување на проектот за „Реконструкција на улица „Бурса“ (Индустриска)“. Градоначалникот Коњановски, информираше дека, создадени се потребните услови за непречена реализација на овој проект, така што, изведувачите веќе започнаа со работа на терен.-Започнуваме со реконструкција на коловозот на уште една важна сообраќајница за градот која значително ќе го олесни функционирањето и ќе придонесе за растоварување на сообраќајот од тешки товарни возила на улица “Македонски гемиџии“. Со реконструкцијата на улицата „Бурса“ или позната и како „Индустриска“, се реализира едно долгогодишно барање на стопанствениците од овој дел на градот, со што значително ќе се подобрат условите за нивно непречено секојдневно работење. Реконструкцијата се врши во должина од 2,4 километри, во вредност од 37.560.000 денари, а средствата се обезбедени од Светска банка во рамките на проектот за поврзување на локални патишта. Ова е уште еден од проектите кој локалната самоуправа го реализира со тенденција за создавање подобри инфраструктурни услови во сите делови на општината, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2024/04/nokk-12.jpg?fit=1000%2C641&ssl=1)
Започна реконструкција на улица “Бурса“ поранешна “Индустриска“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)