Press "Enter" to skip to content

Иван Сапунџиев: одигравме максимално во првиот натпревар, така ќе биде и утре за втора победа

Кошаркарите на Пелистер по првата победа во Битола во рамките на четвртфиналето од плеј офот против Еуро Никел ги очекува вториот натпревар, повторно во Битола каде ќе се обидат да дојдат до 2:0 во меѓусебната пресметка.

Како вториот натпревар од вкупно предвидените пет го очекуваат кошаркарите зборуваше Иван Сапунџиев, кој рече:

-Сакам да им честитам на соиграчите и на стручниот штаб што одлично не подготвија за првиот натпревар. Мислам дека влеговме максимално во првиот, а се надевам дека така ќе влеземе и во вториот дуел. Ни преостануваат уште неколку детали да ни ги посочат тренерите.-Се надевам на ист епилог како и утре, во среда. Имаме широк ростер, но и играчи кои оставија тежок период зад себе, па одморот им беше добредојден да се покажат во најдобро светло. Треба да останеме смирени на земја, одиме чекор по чекор и да одиграме на ниво второ, па трето четвртфинале. Се надевам дека како што расте важноста на овие натпревари, ќе има што повеќе и повеќе публика, додаде Иван Сапунџиев. 

More from ВестиMore posts in Вести »