Press "Enter" to skip to content

Народен митинг во Битола на кој беше претставена кандидатката за претседател, професорката Гордана Силјановска-Давкова (фотогалерија)

Вeчерва во Битола на плоштадот “Магнолија“, вечерва, ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, одржаа народен митинг на кој беше претставена кандидатката за претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска-Давкова.На митингот беа присутни лидерот Христијан Мицкоски, носителот во петата изборна единица Ѓоргија Сајковски, кандидатите за пратеници во ИЕ5, градоначалникот Тони Коњановски, лидерот на ПОДЕМ – Живко Јанкуловски, на Социјалистичката партија – Љупчо Димовски, на Македонски концепт – Петар Богоевски и дриги претставници на коалиционите партнери…На митингот во Битола претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова им порача на граѓаните дека нема корист од партиски послушници и од партиски војници и додаде дека заложбите за правата на жената се заложби за човекови права. Таа вети дека во својот претседателски кабинет ќе ангажира поголем број на жени и рече:-Не жени заради некакви квоти и не за да се прикажам како радикална феминистка, туку со тоа ќе им укажам на мажите дека се откажувале од многу знаење, ум, креакција и посветеност. Ако Македонија добие жена претседателка, жените ќе се идентификуваат со неа, и ќе бидат не само во семејството, туку поуспешни на работа па и во политиката оти, и политиката е од женски род.Таа говореше за местото на Македонија во Европската Унија и во светот и особено за барањата од земјава  за уставни измени како услов за преговори со ЕУ.-Па ве молам, ако со уставни измени се станувало членка на Европската Унија, тогаш Македонија одамна ќе беше членка, имајќи ги предивд досегашните триесетина уставни измени, рече Сиљановска – Давкова.Пред битолчани, таа додаде: дека Битола, а и Македонија, се Европа, биле и ќе бидат. Таа вети дека како претседател на Македонија нема да дозволи некадарни луѓе и луѓе кои не се патриоти да ја претставуваат државата како амбасадори и дипломати. Сиљановска Давкова даде коментар и за тврдењата од противничките табори дека ако таа стане претседателка, а Мицкоски премиер, земјата ќе отиде во изолација.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христија Мицкоски во обраќањето пред битолчани рече дека ги предупредува да не подлегнуваат на, како што нагласи, црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.-Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното.  На луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете, како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи, кажа Мицкоски.Мицкоски на политичките противници им испрати порака: „Бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“.Во однос на противкандидатот на Сиљановска Давкова, актуелниот претседател Стево Пендаровски, Мицкоски рече дека треба да се прави голема разлика.-Изборот е помеѓу Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова. Пендаровски е арогантен. И треба да добиеме впечаток дека е сега дојден нов во политиката, а не 5 години претходно и наместо претседател тој стана коментатор кој по ниедно дело нема да го запаметиме. Тој е едноставно како турист во сопствената земја, рече Мицкоски.Во своето обраќање на митингот Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица 5 рече:-На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова. Силјановска е професионалец со извонредни достигнувања. Таа е член на Венецијанската комисија, еден од најактивните пратеници. Во политиката таа е борец за право и правда. Потребно е претседателот да биде со народот кој ќе се стреми кон национално единство, а таа постојано говори и се заложува за истото.

Фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »