Press "Enter" to skip to content

“Клуб на читателки” работилница на Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце” (фото)

Втората по ред работилница од проектот “Книгата – прозорец кон светот“, поддржан од Министерството за култура насловена под мотото “Клуб на читателки”  беше одржана во Битола.

Работилницата беше организирана од страна на Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце” во соработка со НУУБ ,,Св.Климент Охридски” – Битола, а се реализираше во читалната на библиотеката.Во месец март – месецот во кој се одбележува Празникот на жената ставивме акцент дека не само на тој ден, туку во секој еден ден треба да се дава значење на жената како човечко битие и дека жената како личност пред се, треба да води самогрижа (грижа за себеси) за да може да биде психо –физички подготвена да се соочи и успешно да ја реализира секоја животна улога (улога на родител, на член во семејството, работник, итн.).Преку интересни несекојдневни активности меѓу родители на деца со типичен и атипичен развој, членови на семејства на деца со типичен и атипичен развој и стручни лица кои работат со детската полулација на несекојдневен начин се промовира колку читањето е важен сегмент за емоционалниот развој на возрасните и на кој начин да се применува читањето како терапија односно таканаречената библиотерапија за соочување со предизвиците на секојдневието на денешницата.Низ интерактивни дискусии со користење на библиотерапија преку краток опис и раскажување на книга која оставила печат на животот на читателот, женски лик со кој се поистоветува и карактеристики на ликот кој ги поседува или би сакал да ги поседува, извадок, цитат, мисла од книгата кои останале запаметени од читателот како негова водечка сила или животно мото се промовира како може преку книга да дојдеме до среќен живот.Да напоменеме дека почетокот на проектот “Книгата прозорец кон светот“ беше резервиран за деца со типичен и атипичен развој и започна со настан посветен на 28ми Февруари – Светскиот ден на раскажување бајки под мотото “Секое дете заслужува да биде дел од бајка” во Дневната соба при НУУБ ,,Климент Охридски – Битола.Проектот организиран од страна на членовите на Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце“ е поддржан од Министерството за култура на РСМ и ќе продолжи да се реализира преку низа настани за деца со типичен и атипичен развој како и родители на деца со типичен и атипичен развој и стручни лица кои работат со оваа популација до крајот на 2024 година.Во овој проект книгата е водечка сила и мотив за надминување на предизвиците со кои се соочуваме во секојдневието на современото живеење.

More from ВестиMore posts in Вести »