Press "Enter" to skip to content

Александар Костоски: во Кавадарци да ја затвориме серијата со Еуро Никел

Плејмејкерот на Пелистер, Александар Костоски, беше расположен после победата во Битола на вториот натпревар на неговиот тим над Еуро Никел 2005 и даде објективен осврт на случувањата на теренот.

-Знаевме дека ривалот ќе дојде многу помотивиран, особено после високиот пораз во првиот меч. Секој плеј-оф меч е тежок, но успеавме да создадеме голема разлика во вториот дел. Тие погодија некои важни шутеви при крајот и успеаја да се вратат за момент, но најважно е дека победивме и водиме со 2-0. Одиме во Кавадарци да ја затвориме серијата со Еуро Никел. Еднаш ги совладавме во првенството, но овој меч нема воопшто да биде ист. Напаѓачкиот ритам ни е одличен, па се надевам дека ќе го задржиме и на следниот натпревар, изјави Костоски. 

„Зелено-белите“ прикажаа солидна игра во четвртфиналната серија со Еуро Никел и нивниот напредок во играта е евидентен. 

More from ВестиMore posts in Вести »