Press "Enter" to skip to content

Сара Стојаноска успешен млад спортист во несекојдневен спорт за девојки кик-бокс (фото)

Сара Стојаноска учи во основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ во Битола, која покрај школските обврски успешно тренира во КБК Самурај од Битола и се натпреварува во спорт кој е невообичаен кај девојчињата, а тоа е кик-боксот.Сара за нејзините почетоци и од каде љубовта кон овој спорт ни рече:

-Активно тренирам кикбокс веќе една и пол година во кикбокс клубот Самурај со тренерите Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска. Љубовта кон спортот ја имам поради мојот  татко Боро кој успешен во боди-билдинг, но покрај тој спорт се занимаваше и со боречки вештини. Од мала сум покрај спортисти, кои ги има во нашето семејство, па ете ја продолжуват таа спортска традиција.Вредната работа на тренинзите, со тренерите и посебните тренинзи со татки и, по клубската селекција на Сара и донесоа и пласман на натпреварувања како на домашни така и на меѓународни.-Имав борби на државното првенство во Скопје и на натпревари во Србија и Босна и Херцеговина. На Државно првенство во Кик бокс освои златен медал во категорија кик лајт -55 кг. постар кадет. Во истата категорија брознен медал освоив во Тешањ, Босна и Херцеговина, а само за неколку поени ме делеа од пласман во финалето. На меѓународен турнир “Балкан бест фајтерс“ во Јагодина, Србија Сара Стојаноска, имав 4 настапи и 4 победи, и надмоќно го освоив златниот медал во дисциплината постари кадети до 55 кг, вели Сара за нејзините успеси за овој краток период.За нејзиниот мотив и Сара додава:

-Секојдневна мотивација и дава желбата за да биде се подобра и поуспешна во овај спорт, и дисциплината што доаѓа со неа. Немам посебен рецепт како да стигнам до успехот, но секако мотивација е самото учество на натпреварите без разлика дали се борам за клубските или репрезентативните бои. Да бидам селектирана прво во клубот, кај тренерите, да го поминам тестовите и кај татко ми е мотив плус. Кога ќе се влезе во борба, мотивот е уште поголем, во неколку минути да се покаже се што е научено на тренинг, да се победи противникот и да се дојде до медал.

Сара Стојановски доби и награда од Сојузот на спортови на Битола за успесите кои ги постигна во изминатата година, за млад спортист.-Секоја награда на секој ни годи, а кога ќе се добие награда од луѓе кои го следат спортот во Битола, а таа ќе се прослави заедно со своите клубски другари, со пријателките, со семејството е посебно доживување, вели Сара.Сара на кај од разговорот ни рече:-Патот за успехот во овај спорт е тежок, посебно за девојчињата, но сепак е возможен за сите со голема желба за него, а и затоа сите кои сакаат да се занимаат со овој спорт да не се двоумат, нека дојдат во клубот и започнат со тренинзи, а успесите ќе се нижат.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »