Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: уапсени четири лица за кражба во рудникот “Суводол“, каснувања од кучиња скитници

На 11.04 2024 во 16.30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Новаци ги лишиле од слобода три лица на возраст од 31, 28, 39 и 22 години, сите од Битола. Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во кругот на рудник Суводол, систем Брод Гнеотино, при што одзеле повеќе предмети. Одземеното било пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.04.2024 во 10.30 часот во СВР Битола, П.У. (25) од Битола пријавил дека на ул.„Девеани” бил каснат од куче скитник.

На 11.04.2024 во 14.00 часот во СВР Битола, Т.В. (53) од Битола пријавил дека на ул.„Широк Сокак” бил каснат од куче скитник.

На 11.04.2024 во 20.00 часот во Полициско одделение Новаци, У.Ј. (24) од с.Будаково, општина Могила,  пријавил дека во село Будаково  бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »