Press "Enter" to skip to content

Андреј Маслинко: за да победиме треба сериозно да го сфатиме утрешниот натпревар

Утре четвртиналето од плеј-офот помеѓу Пелистер и Еуро Никел се сели во Кавадарци, а тимот од Битола ќе патува со две победи запишани во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола. “Пелистерци“ в0 двата натпревари имаа контрола на натпреварите, имаа и водство, а и по двата натпревари тренираат, а тренерот Дарко Радуловиќ и соработниците го подготвуваат утрешниот натпревар, каде ја очекуваат клучната, трета победа и пласман во полуфиналето.

На средбата со новинарите пред репрезентативецот Андреј Маслинко ја пренесе атмосферата од соблекувалната и ги изнесе сите разлики од натпревари од регуларниот дел на сезоната и плеј-офот.

-Секоја сезона е посебна, секоја година е приказна за себе и не би можеле да ги споредуваме претходната со ова сезона. Сезонава е потешка од претходните. Ако поминеме против Еуро Никел веројатно ни следува Работнички во полуфинале, што е далеку посериозен противник од минатогодишниот. Во регуларниот дел на сезоната не бевме комплетни на дуелот со Еуро Никел 2005, така да не би можеле да го мериме со овие два од плеј-офот. И залагањето е поголемо за разлика од првиот дел на сезоната. Ова се многу побитни натпревари и нема простор за грешка. Мораме сериозно да ги сфатиме овие натпревари, за да не ни се случи некој кикс. Треба од старт озбилно да го сфатиме натпреварот в недела, за да победиме и да имаме повеќе време да се спремиме за следниот противник. Желбата на кошаркарите и стручниот штаб е што побрзо да ја завршиме оваа серија, рече Маслинко. 

Победникот од серијата Пелистер – Еуро Никел 2005 ќе се соочи со подобриот од дуелот Работнички – Феникс 2010 во полуфиналето. 

More from ВестиMore posts in Вести »