Press "Enter" to skip to content

Групаta “TWINS“ составена од средношколци од ДМУ Битола го забележа и првиот видео запис (фото+видео)

Група “TWINS“ е новосоздадена група од Битола која составена е од четири членови.  Членовите на групата се млади средношколци: Давид и Димитриј (17 години, III клас) се инструменталисти на пијано, Мартин Андреески (18 години, IV клас), исто така инструменталист, додека Антонио Костадиноски (18 години, III клас) е на теоретски отсег, сите се ученици во Државното Музичко Училиште во Битола.

-Групата “TWINS“ создадовме јас и мојот брат, Давид и Димитриј, ние сме близнаци, а од таму доаѓа и името. Заедно со на нас има уште два членови. Идејата на почетокот беше за малку поинаков состав кој во иднина ќе го реализираме. Веќе имаме направени видео запис за неколку песни, ни рече Давид Стојчевски, и продолжи:

-Групата “TWINS“ на прво место исполнува македонска народна и поп музика, но ги комбинираат и сите модерни и балкански стилови.

Видеото кое го снимија е сплет кој го снимаа “Fun Production by Oliver Angeleski“ од Прилеп за аудиото се задолжени Давид Стојчевски и Игор Илиевски, додека песните се најголеми македонски евергрини.