Press "Enter" to skip to content

Победа на Пелистер над Арсими во Битола и нов чекор кон Првата лига (фотогалерија)

Пелистер – Арсими 3:0 (2:0)

Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ во рамките на 24. коло од Втората фудбалска лига на Македонија екипата на Пелистер на свој терен го победи Арсими со резултат 3:0, полувреме 2:0.Со оваа победа која е петта по ред за “пелистерци“ и со новите три бода екипата на Пелистер се зацврсти на второто место на табелата кое носи и директен пласман во најквалитетното фудбалски друштво во државата.Головите за Пелистер ги постигнаа Спирковск9 во 26. минута, Христов во 30. минута во првото полувреме.Во второто полувреме, во 52, минута со удар од половина терен Јорданчо Наумоски го постигна третиот гол, за конечни 3:0 и три нови бодови кон патот за пласна во Првата лига.По 24 одиграни кола лидер на табелата е екипата на Беса со 60 бода, е екипата на Пелистер е втора со 57 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »