Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога 

На 12.04.2024 од страна на полициски службеници од СВР Битола лишени се од слобода две лица на возраст од 38 години двајцата од Битола. Имено, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето едното лице од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со  прашкаста материја.

Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик. 

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи другото лице од Битола биле пронајдени  дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени.

Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »