Press "Enter" to skip to content

35 санкции за мотоциклисти на подрачје на СВР Битола

Во текот на денешниот ден (13.04.2024) во времето од 11.00-16.00 часот, Секторот за внатрешни работи Битола спроведе зајакната акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 35 мотоциклисти.

Од нив, седум возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, три мотоцикли биле нерегистрирани, 23 мерки се преземени за неносење заштитна кацига…

Најголем број од санкциите се изречени на територија на Битола и Прилеп.

При контролата откриени се и 20 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

More from ВестиMore posts in Вести »