Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: денес 90 санкционирани возачи за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола  во текот на денешниот ден (14.04.2024)во времето од 14 до 19 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. 

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 90 мерки, за возење повеќе од дозволената брзина и тоа 60 мерки надвор од населено место и 30 мерки во населено место.

По градови ( 16 мерки во  Битола, 35 мерки во Прилеп, 21 мерка во Ресен, 12 мерки Македонски Брод, 4 Демир Хисар и 2 Крушево).

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

More from ВестиMore posts in Вести »