Press "Enter" to skip to content

Јана Врџовска од ОУ “Св. Кирил и Методиј“ најдобар млад библиотекар во Битола

Во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа 23. општински натпревар “Млади библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од основните училишта од Битола и еден ученик од основното училиште од село Добрушево.Комисијата составена од три члена: Илче Стојановски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Ирена Колевска по прегледаните тестови и ги соопшти наградените.Прво место на овој натпревар освои ученичката Јана Врџовска од ООУ „Св. Кирил и Методиј“- Битола со освоени најмногу поени, под менторство на наставничката Александра Упале.Второ место освои ученичката Деа Атанасов од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола. Трето место освои ученичката Јована Ристевска од ООУ „Елпида Караманди“ –Битола.Ученичката Јана Врџовска ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во Куманово на 21 мај.

More from ВестиMore posts in Вести »