Денес во дворот на гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола беше отворена изложбата посветена на 80 години од завршувањето на Втората светска војна во Франција и Македонија, а ја подготвија шеесетина ученици од Македонија и Франција заедно со нивните ментори.Покрај изложбата на седумдневната размена, учениците развиваат интеркултурни компетенции за меѓусебно разбирање, толеранција, прифаќање на различностите во европските култури и градење на мостови на пријателства кои траат.На отворањето на изложбата директорката на Гимназијата, Лидија Споа рече:-Во изминатата недела, гости на гимназијата беа учениците од средното училиште „Тома Песке“ од градот Кутонс од Франција. Покрај нивното дружење, претставувањето на културата, историјата и традицијата на Битола и нашата земја, учениците заедно со своите професори изработија изложба „Нормандија – Македонија“, сеќавање на ослободувањето преку фортографии“. Шеесеттина ученици од двете гимназии, во изминатите неколку месеци, истражуваа на горенаведената тема и изработија изложба со која беа одбележани настаните во Франција и Македонија во текот на Втората светска војна, со што се одбележа еден голем јубилеј, 80 години од истоварувањето на Нормандија и ослободувањето на Франција и 80 години од Првото заседание на АСНОМ, формирањето на Македонската држава и секако и ослободувањето на Македонија.Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ од Битола има плодна соработка и размени со повеќе училишта од неколку европски држави, но најдолга е соработката со училиштата од Нормандија – Франција.Како и досега овие во изминатите 15 години, средношколските размени се поврзани со активности кои заеднички ги поврзуваат учениците од двете училишта, а најчесто се поврзани со зачувување на сеќавањата од воените години од Првата светска војна.Во изминатите 15 години беа остварени повеќе размени на средношколци и околу 500 ученици од двете страни беа дел од овие размени.Гимназијата “Јосип Броз Тито“ деновиве остварува и размена на ученици со Италија, а од двете училишта се надеват на успешна и плодна соработка во иднина.
Текст и фото: Дамијана Ристевска