Press "Enter" to skip to content

Млади, музика, танцување за завршната франкофонска приредба во Битола (фотогалерија)

-“Франкофонијата е кул“  беше мотото на завршниот спектакл со којшто, после бројни активности, се круниса Франкофонската пролет во Битола.А дека Франкофонијата навистина е “кул“ и привлечна, пред преполната голема сала на Центарот за култура во Битола , тоа најдобро го покажаа над сто ученици од најмала возраст, од основно и средно образование коишто зедоа учество во завршната приредба што се одржа на 17 април.Се играше, се пееше, се танцуваше и сето тоа на француски. Ова беше можност ,пред родителите, наставниците, другите ученици и публика да се презентира наученото и стекнатите знаења во рамките на проектот за сензбилизација за изучувањето на францускиот јазик.За добро осмислената програма е заслужна Француската Алијанса како координатор ,но и наставниците по француски јазик во основните училишта учесници и тоа: “Даме Груев“, “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“, “Св.Климент Охридски“, “Св.Кирил и Методиј“, како и гимназијата “Јосип Броз Тито“ од Битола, ОУ “Гоце Делчев“ од Могила, ОУ “Гоце Делчев“ од Прилеп и ОУ “Мите Богоевски“ од Ресен.На присутните им се обрати советникот за културна соработка и директор на Францускиот Институт од Скопје, Иго Бештел којшто потсети на предностите од изучувањето на овој, втор јазик во ЕУ и во ОН, особено во еден франкофонски град како Битола.Заедно со почесната конзулка Калиопа Стилиновиќ тој им врачи награди на неколку ученици од Битола коишто учествуваа на републички олимпијади и други натпревари. Традиционално, Битола дава брилијантни ученици кои секогаш ги “жнеат“ наградите. Така е и оваа година. Во Париз ќе патуваат учениците за освоени втори и трето место: Евгениј Ангеловски  од “Гимназијата Јосип Броз Тито“, “Лина Кулевска“ од ОУ “Св.Климент Охридски“, Илина Златевска од ОУ “Гоце Делчев“. Вања Атлагиќ од ОУ “Стив Наумов“ ќе учествува на Франкофонскиит камп во Охрид за освоено второ место на спелинг натпреварот.  Дополнително, на регионалните натпревари, битолските ученици освојувајќи награди и признанија, уште еднаш  потврдија дека франкофонијата во континуитет активно пулсира во нашиот град.

More from ВестиMore posts in Вести »