Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа во Битола за сигурен опстанок во Супер лигата (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 35:23 (16:13)

Вечерва во Битола екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа важна победа во рамките на плеј-аутот и со тоа го обезбеди опстанок во суперлигашкото друштво, го победи Вардар Неготино со 35:23, полувреме 16:13.Младите “пелистерци“ во првото полувреме иако имаа иницијатив сепак играа резултатски близу, не се “одлепија“ со повисок резултат, па така на паузата се отиде со 16:13.Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 ги казни сите грешки на неготинци и во воведните десетина минути замина на 20:14, што беше клучот за победата. До крајот на натпреварот екипата од Битола само ја зголемуваше разликата, која на крај беше +12 (35:23).Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 беше Хаџиќ со 11 гола, Маркоски постигна 7.Еурофарм Пелистер 2 сега има 24 бода и е на второто место во плеј-аутот кое носи сигурен опстанок во елитата и во следната сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »