Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: ехографска процена на потреба од биопсија на јазли на тироидна жлезда

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за ехографска процена на потреба од биопсија на јазли на тироидна жлезда, за што вели:

-Тироидни јазли или нодули се промени во паренхимот на тироидната жлезда кои можат да се бенигни или малигни,единечни или мултипли, активни хормоно секретирачки или несекретирачки.

Ултрасонографијата или ехографијата на тироидната жлезда е суверен метод без радијација,поевтин од другите “imaging“ техники и неинвазивна метода во процена на тироидната жлезда и типот, бројот и видот на јазлите во неа и промени на лимфните јазли во вратна регија. Малигни се од 5-15% од сите јазли на тироидна жлезда.

Ехографски според American Thyroid Association биопсиран треба да биде со тенкоиглена биопсија -FNB секој јазол со нерамна површина нејасни граници, хипоехогена ехотекстура со присуство на хиперехогени интранодални микрокалцификати и димензии над 1 см, оние кои се со цврста конзистенција и со груби калцификати и дијаметар над 1.5 см, јазлите со цврсто цистична инхомогена содржина и дијаметар над 2 см или брз раст поголема АП дијаметар и васкуларизираност и придружни промени во цервикалните лимфни јазли.

Резултатите од биопсијата се недефинирани или неисправно земен материјал за хистолошки испитување, бенигни промени со отсуство на малигни клетки, интермедијерни кога има ризик од развој на карцином во 30% и малигни промени со присуство на неопластични канцерогени клетки и потреба од хируршка интервенција која можи да се примени и кај бенигни јазли кои се големи и притискаат на околни структури како траеја,езофагус итн.

Во високо развиените медицински центри кога биопсијата нема да потврди дали има малигни промени се користи нова метода Молекуларно профилирање со испитување на генетски мутации на ДНК на клетките од тироидната жлезда .