-Пред 10 години истовремено се одржаа предвремени парламентарните и претседателски избори, а на нив проф. д-р Ѓорге Иванов беше старо-новиот претседател на Република Македонија, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по победата беше старо-новиот мандатор за формирање на новата влада, започа со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
На претседателските избори проф. д-р Ѓорге Иванов освои над 534.699 гласови, додека Стево Пендаровски заостана за над 130.000 гласови и освои 398.050 гласови.
На предвремените парламентарни избори ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата “За
подобра Македонија“ освоија над 62 мандати, а СДСМ и коалицијата “Сојуз за иднината“ освои 34 пратенички места.Владејачката ВМРО-ДПМНЕ славеше убедлива победа на претседателските и предвремените парламентарни избори и во Битола, а во петата изборна единица освои дури
12 мандати, наспроти 6 на опозицијата. Од партијата ВМРО-ДПМНЕ во македонскиот парламент беа тогашнито координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски и старо-новата пратеничка Лилјана Кузмановска.Од опозициската коалиција “Сојуз за Македонија“ и од СДСМ во Парламентот беа лидерот на Општинската организација на СДСМ, Васко Ковачевски и Јулијана Силјановска, а од ЛДП пратеник беше Горан Милевски, потпретседател на ЛДП.
![](https://i0.wp.com/bitolanews.mk/wp-content/uploads/2024/04/multi-7-88.jpg?fit=1000%2C638&ssl=1)
Деновиве пред 10 години: победи на изборите на Ѓорѓе Иванов и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: по повеќе од 10 години пауза, стартуваше со работа базенот “Довлеџик“ во Битола (фото)
- Се асфалтираат спортските терени кај ООУ “Елпида Караманди“ Битола
- Известување од РЕК Битола
- “Ех, таа серенада”- Втор по ред Фестивал на серенада на плато Офицерски дом Битола
- Инженерски прстен за две дипломки од УКЛО
More from ВестиMore posts in Вести »
- Театарската претставата “Крал Лир“ изведена во “Вила Де Ниро“ пред светската премиера на Охридско лето (фотогалерија)
- Премиерот Христијан Мицковски во посета на Битола (фотогалерија)
- Американецот Брајан Антоан е нов играч на КК Пелистер од Битола
- СВР Битола: кражба на мопед, сопруга пријавила физички напад од сопруг, малолетничко насилство, пронајдена артилериска граната
- Илјадници верници синоќа и денес во црквата “Св. Архангел Гаврил“ кај “Довлеџик“ во Битола (фото)