Press "Enter" to skip to content

Мини митинг на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Битола (фото)

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од  Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, вечерва одржа мини митинг на плоштадот “Магнолија“ во Битола, заедно со кандидатите за пратеници од изборната единица број 5. Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски се обрати пред граѓаните на Битола и рече:-Македонија низ својата историја водела многу борби,  имала препреки и проблеми, но македонскиот народ секогаш знаел да изнајде соодветно решение и да стави крај на тоа што го тишти. Во овој момент најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години. Тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. И дојде време, невреме кадешто граѓанинот е на дното, а елитата на врвот. Си седат по кабинетите и си се договараат со својот вечен партнер ДУИ за ситните цели, рече Димитриевски и додаде:-По дваесет години потпишавме  Меморандум  за соработка со Здружението на бранителите  „Братство 2001“ за да може да тргне работата за нивните права. Жално е ова што се случува. Сакам да ветам дека како иден Врховен командант ќе се заложам да се остварат нивните права.-Македонија во оваа 2024 година има можнност да избира помеѓу веќе виденото и нешто ново, Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, кое доаѓа од граѓаните, е со граѓните и ќе биде со граѓаните. Да ја направиме Македонија маскимална и да го дадеме својот максимум за наша Македонија, зашто друг а држава немаме. Мора да сме свои на своето и да бидеме како и другите во оваа држава, граѓани од прв ред. Доста гледаме како ДУИ ги врти околу малиот прст и заедно и со едните и со другите градат биетничко општество. Е има и други!
Оваа држава ја направил македонскиот  народ. И затоа  Македонецот  треба да се крене, да се одважи да каже –  Доста е! Време е за суштинска промена. Време е граѓанинот да ја земе судбината во свои раце, рече тој.
На митингот  пред битолчани се обрати и носителката на кандидатската  листа за пратеници од  ИЕ 5,  Весна Бендевска. -ЗНАМ ја гледа Македонија како држава со силна економија, со производство,  со храна доволна за сите. Земја во која се изедначени минималната плата и минималната пензија. Ќе ги укинеме сите етнички клучеви и квоти. Во Македонија нема веќе да има енклави кои нема да плаќаат сметки. Сите имаат  еднакви права, но и обврските се исти за сите. Движењето ЗНАМ нема да прифаќа уцени ниту од внатре ниту од надвор, рече Бендевска.Вечерва беа претставени и кандидатите за пратеници во изборната единица број 5.

More from ВестиMore posts in Вести »