Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: “Што е љубов“

Претставите за љубовта ce формираат во детството и младоста, кога личноста нема доволно животно искуство и не е когнитивно зрела. Кога некој зборува за тоа што е љубов или како љубовта би требало да изгледа, тој всушност ja опишува сопствената претстава за љубовта.

Имено, кога субјектот сака, тој ce обидува преку сопственото однесување да ja оживее, да ja спроведе во реалност, претставата што ja има за љубовта. Кога е сакан пак, ce обидува да го насочи партнерот да ce однесува на начин кој ќе биде во склоп со сопствената претстава, зошто само така субјектот ќе знае дека е навистина сакан. Поради тоа, првите љубовни односи ce драматични судири помеѓу претставата за реалноста, односно љубовта која ce бара и самата реалност односно, љубовта која ce добива.

Врз претставите за љубовта и воспоставување на врски со другите, силно влијание има најраните релации на децата кои ги формираат со нивните родители/негуватели или т.н. афективната приврзаност.

Што е афективна приврзаност

Афективната приврзаност е емоционална врска со друга личност. Афективната приврзаност служи за да ја одржи близната на новороденчето со мајката, со што ги зголемува неговите шанси за преживување. Оние кои се сигурно приврзани во детството, имаат тенденција да имаат добра самодоверба и силни романтични врски. Децата кои се сигурно приврзани како доенчиња, имаат тенденција да развиваат посилно самопочитување и подобра самостојна потпора како што стареат. Овие деца, исто така, имаат тенденција да бидат понезависни, имаат подобри перформанси во училиште, успешни социјални односи и помали шанси да се чувстваат анксиозно и депресивно.

Значи, афективната приврзаност е важна за развојот на детето, за поврзувањето со другите, партнерските релации  и како детето се доживува себе си односно колку ќе се чувствува вредно за љубов и уважување на неговите потреби, како ќе го доживува светот, како ќе комуницира и како ќе ги регулира своите емоции. Очекувањата и верувањата што луѓето ги создаваат за себе и за другите ce дефинирани од квалитетот на раните афективни врски. Овие очекувања и верувања, како и интернализираните слики за себе и за другите посредно учествуваат во формирањето на претставата за љубовта

Постојат четирите главни типови на афективна приврзаност: сигурен, избегнувачки,  преокупиран и плашлив.

Сигурниот тип на афективна приврзаност е одреден од позитивниот модел за себе (ниска анксиозност) и позитивниот модел за други(ниско избегнување). Лицата со ваков образец на афективно врзување ce карактеризираат со чувство на лична вредност и пријатност поради остварената емотивна блискост. Тие ce топли и допадливи, отворено ги искажуваат и позитивните и негативните емоции, имаат способност да воспостават рамнотежа помеѓу потребата за припаѓање и потребата за автономија.

Луѓето со сигурно стратегии на врзување немаат проблем да ја искажат или изразат својата заинтересираност кон потенцијалниот партнер. Исто така се чувствуваат сосема удобно во својата кожа. И не им претставува проблем да бидат сами. Тие умеат правилно да ги распоредат приоритетите во различни животни сфери, и да издвојат време за партнерски односи на таков начин да се одржи оптимална дистанца која е потребна за взаемност. Способни се да прифатат отфрлање и да се движат напред без оглед на болката, но исто така се способни и да бидат лојалнии да жртвуваат некои свои желби и интереси кога за тоа е потребно Немаат проблем да им веруваат на луѓето со кои се блиски, а и сами се многу доверливи.

Според психолошки истражувања спроведени во САД . Americi (Mickelson, K. D., Kessler, R. C., & Shaver, P. R. (1997). Adult attachment in a nationally representative sample. Journal of Personality and Social Psychology, 73(5), 1092-1106.), преку 50% од луѓето спаѓа во сигурно поврзани. Сигурен тип на поврзаност развиваат личности кои во детството адекватно ги задоволиле своите развојни потреби со голема количина на љубов и поддршка. Избегнувачкиот тип на афективпа приврзаност (позитивен модел за себе и негативен модел за другите). Позитивната слика за себе, придружувана од негативната слика за другите, доведува до тоа овие личиости да ce перцепираат себеси како супериорни и над другите. Тие оставаат впечаток на ладни, рационални и неемотивни луѓе. Koгa ce соочени со проблем, ce оградуваат од своите емоции и не ce обраќаат за помош кај пријателите. Често ja негираат вредноста на блиските односи и го нагласуваат значењето на независноста, затворени ce и немаат многу пријатели. И ако своите пријателства ги опишуваат како „добри“, тие ce најчесто базирани на взаемен интерес.

Партнерските врски кои лицата со овој стил на афективно врзување ги остваруваат ce ретки и без очекувања или пак, чести но површни. Во врската не ги искаж уваат своите емоции, ги избегнуваат конфликтите и не ce отворени кон партнерот. Тие се неверојатно независни, самодоволни и не се чувствуваат пријатно во интимни ситуации. Покажуваат страв и одбојност спрема врзувањето и стручњаци се да го рационализираат причината за заминувањето од било која интимна ситуација. Редовно се жалат на доживување на „гушење“ кога луѓето се обидуваат да им се приближат.Во секоја врска имаат излезна стратегија. Често организираат свој начин на живот на таков начин какао би избегнале посветенсот или премногу интимен контакт. Пример на момче кој работи 80 сати дневно и се вознемирува кога жената со која е во врска сака да го види повеќе од еднаш неделно за викенд.

Избегнувачката стратегија на врзување во детсвото развиваат деца кои успевале да ги задоволат само некои свои потреби, додека останатите биле занемарени. ( на пример кога детето било редовно хрането, но немало доволно физички контакт.

Преокупираниот тип на афективна приврзаност

Кај овие личности постои длабоко всадено чувство дека не ce доволно вредни, па имаат ниска самодоверба и во односите со другите бараат големо внимание кое ќе ja потврди нивната вредност. Чувствата ги искажуваат отворено, при што ce претерано експресивни и драматични. Пријателствата им ce многу важни, но поради високите барања кои ги поставуваат, со нив ce често во конфликт или ce чувствуваат како да не ce доволно сакани и почитувани. Често претерано инвестираат во партнерскиот однос, очекувајќи потврда за својата сопствена вредност.

„Преокунираните“ често кон партнерот развиваат однос на зависност. Во врската ce доминантни, ce трудат да го „поправат“и контролираат партнерот, поставуваат високи барања, љубоморни ce и посесивни. Често се под стрес во врска со партнерските односи. Потребна им е постојана наклоност и уверување на партнерот дека е се во ред во врска со односот. Имаат потешкотии да бидат сами со себе или вон некоја врска. Често подлегнуваат на нездрави и увредливи односи. Имаат потешкотии да им веруваат на луѓето, дури и во близок однос. Нивното однесување може да биде ирационално и претерао емоционално. Ќе ги чуете кога често се жалат како сите припадници на спротивниот пол се „ладни и бездушни“.

Примери:

-Тука е девојката која ве повикува 30 пати во една вечер прашувајќи ве зошто не сте ја повикале.

-Или момче кое прати што прави неговата девојка, за да се увери дека не флертува со други мажи.

Преокупираните стратегии на врзување се развиваат во детсвото кај деца кои добиваат љубов и нега на непредвидлив начин.

Плашливиот тип иа афективна приврзаност одреден е од негативниот модел за себе и негативниот модел за други (висока анксиозност и високо избегнување). Тие ce несигурни, ранливи и со ниска самодоверба. Ce грижат дека не оставаат добар впечаток, дека не ce вклопуваат во друштво и сл. Пречувствителни ce на отфрлање и честопати ce многу осамени. Имаат мал број блиски пријатели и потребно им е долго време за да воспостават пријателски однос. Во партнерските врски ce несигурни, пасивни и тешко ги искажуваат чувствата кон партнерот. Ги избегнуваат конфликтите и за проблемите во врската најчесто ce обвинуваат себеси.

Нивните партнерски врски не ce чести, но кога еднаш ќе формираат врска, тешко ja прекинуваат бидејќи ce плашат од тоа дека нема никогаш да најдат соодветен партнер. Не само да се плашат од интимност и посветеност. Туку тие се неповерливи и ќе му одбруст на секој кој се обидува да им се приближи. Голем дел често поминуваат голем дел од своето време сами и несреќни, во деструктивни и нефукционални односи. Според споменатото истражување спроведено во Америка, само мал процент од популацијата може да се оквалификува во овој тип. А вообичаено имаат и многу други емоционални поблеми во други подрачја на својот живот ( злоупотреба на супстанци, депресија и.т.н). Вакви стратегии се развиваат во детсвото кај деца која биле малтретирани или занемарувани.

Заклучок е дека можеме да покежеме повеќе стратегии во зависност од ситуација, а и во различен интензитет. Значи „сигурнот тип понекогаш ќе покажува некое вознемираувачко и избегнувачко однесување. Вознемирениот тип понекогаш ќе покаже сигурно однесување… Состојбата на работите не е се или ништо. Како и кај поголмиот дел психолошки профили, овие типови не се унифомни. Сепак можеме да се движиме по веќе споменатите димензии, иако сите имаме една доминантна стратегија.

Препораки

Користејќи го овој модел како карта, можеме да почнеме со јакнење на „сигурни стратегии“. Анксиозните типови можат да работат на јакнење на себе си во однос на создавање на здрави граници и негување на здрава самодоверба. Некогаш е добро да се пронајде активност надвор од сферата на партнерски односи, во која ќе можеме да се вложуваме со страст. Таа може да ни биде основа на која ќе ја јакнеме самодовербата. Избегнувачките типови можат да работат на отвореност кон другите, збогатувајќи ги односите така што постепено ќе учат на взаемност во односите. Наша одговорност е да пронајеме нешто интересно и сјајно во сите личности со кои се сретнуваме. Да бидеме љубопитни и да не судиме на прво.