Press "Enter" to skip to content

Библиотеката го одбележа Денот на Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше настан по повод Денот на планетата Земја и Светскиот ден на книгата и авторските права. Учесниците на настанот се појавија маскирани во различни ликови од омилени книги и филмови, животни од приказни, историски ликови, супер херои и со пораки за заштита на планетата Земја.Настанот креираше волшебна атмосфера, сите се забавуваа и ја изразија својата љубов кон книгите и природата.Присутните на настанот уживаа во различни активности како читање на кратки приказни за заштита на животната средина, дискусии за важноста на книгите и заштита на планетата Земја.Настанот беше преубав и со позитивен одзив од страна на посетителите. Се надеваме дека овој настан не само што ги забавуваше учесниците, туку и ги поттикна да размислуваат за важноста на заштитата на нашата планета и да ја насочат својата љубов кон книгите во посока на образование и креативност.Им благодариме на учениците и наставниците од основните училишта “Даме Груев“, „Тодор Ангелевски“, ОУРЦ “Кочо Рацин“ – Битола и “Розета Стоун“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »