Press "Enter" to skip to content

Денес и утре пролетен саем во “Ангромаркет“, производи по дисконт цени (фотогалерија)

-Денес и утре се одржува 3. по ред пролетен саем на “Ангромаркет“, на кој производите кои се продаваат со намалени цени кој ги нудат самите компании.Денес и утре повторно компанијата “Ангромаркет“ го организира пролетниот саем на кој битолчани можат да набават рачен и електричен алат, градинарски производи, производи за уредување на градините, тенди, маси, столици, телевизори и бела техника и други производи кои се продаваат со попуст.“Ангромаркет“ и компаниите по трет пат се одлучија на нивните купувачи да им понудат нов начин на продажба, каде ќе можат да набават производи со големи попусти. Овој пролетен саем ќе трае и утре, на платото пред ресторанот, на отворено. “Ангромаркет“ е компанија која во изминатите повеќе од 20 години е позната по тоа што продава производи по одлични цени и има широк асортиман на производи, а тоа го докажа и на годинашниот пролетен саем.За овој нов начин на продажба, од “Ангромаркет“ велат дека е предизвик кој веќе го имаат реализирано, а познати фирми и брендови се заедно со нив, а сево ова е примамливо за купувачите, а утре, саботен ден очекуваат и поголема посетеност.-Ги имаме сите компании кои секогаш се на напиот пролетен саем, а тука се и продажните места за свежо цвеќе и вештачка трева. Треба да напоменеме дека имаме и голем број на производи за уредување на градини, балкони, тераси и други зелени површини, секако и мебел за на отворен простор, потенцираат од “Ангромаркет“.И битолчани кои ги најдовме тука, како пазаруваат велат дека одлично пазариле, купиле алати, кои ќе бидат замена за старите, а атрактивни се и лулашките, столиците и масире за во дворовите, цвеќето и пластичната трева…За пролетниот саем да биде комплетен организаторите се потрудија да има и храна за купувачите и посетителите, ресторанот е летната бавча е целосно ставен во функција на гостите на саемот.Покрај продажните штандови има и компании кои имаа дегустација на своите производи.

Текст и фото: С. Ристевски