Press "Enter" to skip to content

“ROXY coffee and much more“ нов кафе бар во Битола (фотогалерија)

-Се исполни мојот сон од тинејџерските денови кога сонував ваков кафе бар со овој назив налик не еден во Минхен западна Германија. Сонувајте и следете ги своите соништа порача на отворањето на “ROXY coffee and much more“ ни рече со возбуда сопственикот, Јован Гроф.Синоќа на свечен начин со голем број гости се отвори “ROXY coffee and much more“ нов кафе бар во Битола на улица “Партизанска“ кај Старата касарна.Со интересено име и слоган “ROXY coffee and much more“, синоќа после традиционалните обичаи на осветување на кафе барот пристигнаа голем број гости со честитки за добра среќа. Тие се забавуваа до доцните сати.После осветувањето поразговаравме со сопстевникот на “ROXY coffee and much more“ Јован Гроф кој ја раскажа приказната за отворањето на овој кафе бар.-Името ROXY има значњење “поздрав“ инаку влезе во мојот живот кога во моите тинејџерски денови низ патувањата во Западна Германија поточно градот Минхен постоеше кафе бар со вакво име. Тогаш за прв пат во мојот живот се сретанав со ноќен живот и интересна забава која се уште ја немаше кај нас, бидејќи кај нас тогаш се отвараа првите кафулиња. Тогаш се појави и мојот тинејџерски сон и сонував да отворам и јас ваков ист кафе бар, ни рече Грофо, и додава:-Затоа вечерва сум посебно среќен и возбуден што ми се реализираа соништата од тинејџерските години. “ROXY coffee and much more“ како што зборува и интересен слоган кој ќе нуди нешто повеќе и што досега не било вообичаено во и низ кафулуиња, ресторани, пицерии низ градот бидејќи овој кафе бар не е ни класичен кафе бар, ни пицерија, ниту ресторан…-Ќе се трудам и сите ние тимот од “ROXY coffee and much more“ да им понудиме нешто многу повеќе од забава на битолчани. На битолчани ќе му понудиме интересни содржини и нешто што не е секојдневие во кафулињата. Ќе понудиме забава за сите возрасти. Исто така секој ќе може да си органзиара забава по сопсвени идеи кои ќе им ги реализираме. Исто како што ми се реализираа моите соништа од тинејџерските години, им порачувам на сите особено на младите да фантазираат и сонуваат, бидејќи ако се сака многу она што се сонува тоа и ќе се исполни.Битолчани кои беа на свеченото отворање уживаа во одличните светлосни ефекти професионално поставени, во одличниот звук и во посебната атфосфера. За сопственикот и неговиот тим добија многу пофалби, а тие им возвратија со покана да бидат постојани гости во локалот и да поминуваат одлични моменти заедно.

Жанета Ристевска