ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“ вечерва одржа предизборен митинг во во Битола на плоштадот “Магнолија“ пред голем број битолчани, а на кој зборуваше престедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
На битолчани им се обратија и носителот на листата во ИЕ5 – Христијан Мицковски, и кандидатите за пратеници од Битола, Олга Лозановска, Пеце Милевски, Силвана Ангелевска и Мартин Ивановски.
На вечерашниот митинг лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека на овие избори ќе победи Македонија и народот и дека доаѓа бранот на промените.
-Огромната победа во првиот круг на претседателските избори од над 2:1 е само жолт картон а вистинскиот црвен картон и ставање точка на ова шест и пол годишно ропство ќе заврши на 8 мај кога убеден сум дека победата ќе биде изразена најмалку 3:1. Ќе освоиме 61 пратеник во Парламентот, народот испрати порака и на Али и на неговите измеќари од СДСМ од кој народот на Македонија се срами, а за проктите за Битола додаде:
-Битола е градот победник, каде најдобро се учи за Македонија. Нека ечи Широк Сокак, се ослободуваме од шест и пол години ропство на СДСМ и ДУИ. Овој бран е виорот на создадената надеж, светло за обесправените, сигурноста која тие ја бараат, иднината која им треба на младите. Ова е бранот создаден од разочараните од власта, на изнапатени човечки судбини и страдања кои во еден глас велат доста е од СДСМ и ДУИ.
Мицкоски рече дека длавен фокус во неговиот мандат како премиер ќе ми биде Битола.
-Ќе понудиме проекти за општините за кои зборуваа кандидатите за пратеници од Битола, а јас можам да ветам дека ќе се реализираат. Битола мора да го добие местото кое го заслужува. Посебно ќе има награди за унуверзититот во Битола за научни трудови за моите колеги, за кои ќе има мерки за нив, а иднината влада ќе одбри 50 проценти поголема плата. Првата странска инестиција која ќе биде за Македонија ќе биде во Битола.
Носителот на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски со порака до сите граѓани:
-Приклучете се на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија за Македонија да биде подобро место за живеење.

-Ќе направиме повеќе за инфраструктурата, ќе го направиме патот Градско – Прилеп, за Битола повторно ќе има инвестиции. Ќе изградиме обиколница во Битола кон Меџитлија, а ќе се реконтруир и патот од Битола кон Кичево кој е во лоша состојба. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи спортски комплекс на радост на спорските работници. ВМРО-ДПМНЕ планира да даде и за пензионерите, за сите категории граѓани, ќе има раст од 5 проценти, ќе ја намалиме невработеноста. Ќе има надеж, ќе направиме почитувана држава од Македонија, пристојна за живот за сите. Денес, сакам, тука, да се поклонам и да изразам почит кон четврорицата херои кои ги загубија животите во 2001 година загинаа кај Вејце, а со нив Битола се вгради во длабоко во државата, рече Сајковски.
Олга Лозановска од говорницата во Битола порача:
-Чест ми е да се обратам од Битола, од градот каде е Хереклеја, градот на клавирите и кунзулите, градот на Елена и Ататурк, градот на браќата Манаки, на Стив Наумов и Естреја Овадија Мара, градот на Чкембарите, на бранителите од 2001 година на чии споменик денес се поклонивме, градот под Тумбекафе, градот под Пелистер. Ние се обврзуваме дека ќе работиме за сите граѓани на Република Македонија. Ова е последната надеж на македонскиот народ, а на престедателското и премиерското место ќе седнат луѓе кои ќе обезбедат услови за стабилна држава, ќе ја вратат честа и вербата на граѓаните.
Пеце Милевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник рече:
-Победничка, пркосна, горда Битола, нема поголема чест отколку заедно со народот влегуваш во битка и ја добиваш, а тоа се случи на 24 април, убедливо победивме и немам сомнеж дека како Битола победува, така ќе победува и Македонија. Верувам со престедателот Мицковски, кандидатката за претседател Гордна Силјановска Давкова, кандидатите за пратеници и во сите членови и симпатизери на партијата, во изборните региони. Ќе има промени во практикување на политика, во одговорноста на избраните за подобро на народот и исполнување на програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Кандидатот за пратеник, Силвана Ангелевски, додаде:
-Со програмата на ВМРО-ДПМНЕ – 1198 Битола го д0бива заслуженото место. Ќе инвестираме во столбот на електро-енергетскиот систем на Макед0нија, РЕК Битола, во нова рударска опрема, ревитализација на постројките за производство на струја, отворање на рудникот “Живојно“, нова центала на гас, а тоа значи стабилни снадбување со елекрична енергија. Потоа ќе гради влезот во Битола од Охрид. Секоја година Општина Битола ќе добива по 11 милиони евра за подобрување на животот на битолчани, а знаете дека ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува го остварува.
Мартин Ивановски се осврна на младите и нивните перспективи.
-Младите се соочуваат со разни предизвици во животот во разни области. Сведоци сме како во поспедните неколку години се повеќе е присутна депресијата, апатијата и безнанадежноста кај младите генерации. Сега, во овој период младите заминуваат на работа во Европа, Хрватска. Затоа неопходни се промени веднаш. СДСМ ја стави нашата иднина во заложништво, а ВМРО-ДПМНЕ нуди надеж, со конкретни решенија во образованието, вработувањето, спортот, односно за проблемите на младите, рече Ивановски.
Текст и фото: Сашо Ристевски






