Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер сигурен против Тиквеш победи со +10, до титулата уште два натпревари (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 35:25 (18:14)

Вечерва во Битола, во рамките на 12. коло на плеј-офот на Суперлигата,  во одлична ракометна атмосфера ракометарите на Еурофарм Пелистер ја победија екипата на Тиквеш од Кавадарци со резултат 35:25 (18.14).Еурофарм Пелистер доминираше во текот на целиот натпревар, а победата беше најавена уште на отворањето на натпреварот кога резултатот беше 4:1, а се продолжи во исто темпо до средината на првиот дел. По 8:6 екипата на Еурофарм Пелистер направи серија од 6:0 и со тие голови дојде до убедливо водство +8. Тиквеш намали на четири гола (15:11), а на одмор се отиде со 18:14. На стартот на второто полувреме Тиквеш намали на, за нив подносливи -3, но Еурофарм Пелистер заигра организирано и со полна концентрација и предноста се зголемуваше до двоцифрена бројка.Пред крајот највисокото водство беше 35:24, а напреварот заврши со 35:25.Најефикасен играч кај Еурофарм Пелистер беше Богдан Радивојевиќ кој даде седум гола.

More from ВестиMore posts in Вести »