Денес, се навршува 121 година од загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, деец на Македонската револуционерна организација, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење.
Делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојковски, придружуван од претставници на Советот на општината, како и претставници на политичките партии, кандидатите за пратеници од Битола од кандидатските листи на повеќе партии и други здруженија и граѓани, денес по повод одбележувањето на 121 години од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе пред Спомен куќата на великанот на македонската национална борба.
Денешниот ден е потсетување и одавање почит на големото дело и заложба на столбот на македонската револуционерна борба.






