Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Психолошки пораки од родителите кон детето и нивни последици (2)

5.Немој да успееш!

Пример Студентот со одлука да не успее, ќе се труди на предавањата и вредно ќе учи, но кога ќе дојде време сза испит, ќе најде начин да саботира. Можеби ќе заборави да го предаде завршната задача или ќе го фати паника пред испит, и неочекувано ќе се раболи. Родителот на овој стидент често со лутина ја прекинувал играта со своето дете, кога ќе забележал дека губи. Можеби родителот во младоста немал услови да се школува, туку морало рано да се вработи и благодарение на него детето нема финансиски проблеми, оди во добро училиште и има прилика да запише факултет. Иако родителот е горд, тој може на свесно ниво или несвесно ново да му авидува на детео и вербално да го поттикнива да има добри оценки, а невербално да му праќа забрани за успех.

6. Не биди од свој пол!

Мајката која сака ќерка, и после два сина повторно добие машко „од него ќе направи и ќерка“. Друг пример таткото, ако има само ќерки, а посакувал син. Тогаш една од ќерките ќе ја запише на фудбал и ќе ја научи на „машки“ работи.Во семејства каде има деца од двата пола и каде отворено се фаворизира еден, детето од спротивниот пол ќе се труди себеси да се поттикнува на карактеристикте на привилегираниот пол за да добие наклоност и признание од своите родители.

“Не бид од својот пол“ е всушност забрана “Не биди ТИ“ забрана која  може да се однесува и на други карактеристики како што се боја на кожа, физичка градба, боја на очи сличност со едниот родител (кој го напуштил семејството). Како возрасни овие личности се чувствуваат неадекватно, како да нешто во основа не е во ред со нив!

7. Не припаѓај!

Ако често се чувствувате како да се издвојувате од вашето опкружување, и дека другите ве гледаат како недружељубив  и осменик, веројатно сте ја усвоиле оваа забрана како дете. Детето на кое родителите му зборуваат дека е посебно, дека е попаметно, (поталентирано, позначајно и.т.н) од своите врсници, понатаму во животот може да развие чувство на неприпаѓање во своето работно опкружување, својот град или земјата во која живее. Ќе ги менува работните места или ќе емигрира. Оние кои се осмелат да го напуштат опкружувањето и одат во страанство, набрзо и таму ќе се чвствуваат неудобно, како и дека во новата срединане се вклоуваат и дека „стрчат“. Исто така децата на мешовитите бракови се склони да ја својат оваа забрана.

8. Не биди значаен

-Личностите со оваа забрана можат да бидат вредни работници, но никогаш нема да побараат унапредување. Ако бидат предложени за напредување, ќе најдат начин да се саботираат. Се паничат кога од нив се очекува да бидат во улога на лидер. Оваа забрана се усвојува кога детето заклучи дека родителите не го сакаат, но го трпат се додека тоа и неговите желби не се важни.

9. Не биди здрав! Не биди добро!

Детето чии родители се отсутни или презафатени со работа, ќе се чувствуваат осамено и напуштено. Но, тогаш кога детео се разболи, родителите ќе земат одмор и потполно ќе се посветет на своето дете. Детето може да заклучи следно: ќе добијам внимание само ако сум болен/болна и ако нешто  и фали. Подоцна како возрасна личност може да биде хипохондар, склон кон повреди, да бира ризични занимања, да има проблеми си исхрана (анорексија, булимија) или проблеми со наркотици.

Одлука, “Се додека со мене нешто не во ред, ќе ја добијам внимание од своето семејство, партнер, пријател“.

11. Немој да мислиш

Немаш појма, мал си , што знаеш ти!? Ти си женско, не треба да размислуваш за тоа! Баш си некој “паметњакович“! Пораките кои го омаловажуваат размисувањето на детето го поттикнуваат во иднина да го исклучи мозокот, да биде послушно и да некритички ги прифаќа туѓите ставови или мислењето на поголемиот број луѓе.

12. Не чувствувај!

Момчето кое додека плаче, таткото му вели “не цмиздри како девојче“, ќе научи да не биде тажен. А кога дека сите го слушаат татакото кога е бесен и му удоволуваат, ќе научи дека е добро да бидеш бесен и дека треба да биде бесе и кога е тажен, наместо да ја искаже својата тага на адекватен начин. На налутенато девојче на која мајката и вели дека е грда кога се мршти, и дека девојките треба да се фини, ќе научи да не ги искажува својот бес. А кога ќе примети дека сите сите и удоволуваат кога е тажна или расплакана, ќе научи својата лутина да ја замени со тага и солзи, што понатаму може во возрасно доба да се развие во депресија.

Важно е да ги препознаеме своите забрани, да бидеме свесни во моментот кога се активираат, и да донесеме одлука да се ослободиме од нив, и постапиме поинаку.