Press "Enter" to skip to content

Бизнис Академија Смилевски ви претставува свои дипломци, Милка Акимовска – сопственик и менаџер на салонот за убавина “BОDY M“

-Специјалист по стратегиски менаџмент Милка Акимовска, менаџер и сопственик на  салонот за убавина “BОDY M“- Менаџирањето на сопствен бизнис бара широк спектар на вештини и способности

Во неколку наредни интервјуа ќе претставиме успешно дипломирани студенти и постдипломци на Бизнис Академија Смилевски. Во денешно време, технологијата и индустриите се развиваат со неверојатна брзина, што значи дека знаењето што било актуелно вчера може да стане застарено утре. Професионалниот развој и постојаното вложување во ново знаење се клучни аспекти за успех во било која кариера.

Со неуморна работа и непоколеблива посветеност, една успешна прекрасна дама Милка Акимовска, сопственик и менаџер на  салонот за убавина “BОDY M“- Битола Brend beauty – оаза на женската убавина во нашиот град ќе го докаже и покаже тоа. Таа не само што ги постигнува своите цели, туку ги надминува очекувањата, оставајќи траен белег во во својот град. Низ разговорот  со неа ќе прикажеме инспиративна приказна за нејзините искуства, предизвици и успеси. Симбол е на силата и интелигенцијата што се потребни за да се води успешен бизнис, демонстрирајќи дека со правилна визија и решителност, секоја врата може да биде отворена.Будејќи ја свеста дека, вложувањето во формално образование и континуирано учење во областа на менаџментот не само што ќе и помагне да ги разбери и примени најдобрите практики, туку и да се справи со комплексните предизвици што ги носи секојдневното работење на бизнис. Сето ова ја иницира да се запише на Бизнис академија Смилевски -БАС,  каде успешно ги завршува првиот и вториот циклус на студии од областа на менаџментот. Денес таа е Специјалист по стратегиски менаџмент. Нејзиниот специјалистички труд „Вредностите и задоволството од работата за подобра организациска изведба“ произлезе како резултат на искуството, но и внесување на научените вештини за стратегии во менаџирањето на вработените за да се подобри задоволството од работата.Вака ја започна својата успешна приказна…

-Се започна од мојата голема љубов кон козметологија и нега за убавина. Работев во продажен салон за козметички производи и цело време бев заинтересирана и читав се околу ова. Долго пред да се отвори отвори “BОDY M“ ,ја имав идејата, но заради објективни причини се одложи.  Идејата и желбата мируваа и откако собрав сила и храброст се отвори како беше мало катче за убавина од 20 квадратни метри  на 9 февруари 2005 година. Оттогаш постојано растеме, се надоградувавме со многу обуки, патувања  Белград, Истамбул, Холандија…, каде целиот тим се едуцира низ овие години.  Оваа област е во подем последните години, во кои се случуваат многу новини во технологија, опрема и услуги, заради тоа мора да се следат сите новини и трендови и само на тој начин има и ќе има успех во иднина. Како бизнисот се развиваше се јави потреба од проширување во бројот на вработени и потреба од негово професионално менаџирање.Така дојде идејата БИЗНИС АКАДЕМИЈА СМИЛЕВСКИ – БАС

-Менаџирањето на сопствен бизнис е многу повеќе од самото основање. Тоа вклучува комплексен сет од вештини и задачи кои бараат континуирано усовршување. Кога почуствував дека ми треба и додатно образовани за менаџирање на бизнисот кој се прошируваше се запишав на прв, а потоа продолжив на втор циклус студии. На додипломски студии дипломирав на програмата по Бизнис менаџмент, а на постдипломски на програмата по Стратергиски менаџмент.

Кои конкретни области на менаџментот сметате дека се најважни за успешно водење на бизнис, како БАС ви ПОМОГНА ВО ТОА?

 –Задоволството од работата кај вработените,претставува една од најкомплексните области со кои се соочуваат денешните менаџери, посебно кога станува збор за менаџирање на  нивните вработени. Развој на долгорочни планови кои се во согласност со мисијата и визијата на БОДИ М, квалитетот на организациската изведба, а со тоа и на успешноста на организацијата во целост, пронаоѓањето на таленти, маркетинг активностите …. Во целина, формалното образование стекнато на БАС МИ  дава алатки и знаења кои се потребни за справување со предизвиците на динамичниот свет на менаџментот.

Претпоставувам дека  желбата вашата фирма расте со времето што доаѓа,  беше мотив да ги продолжите студиите на втор циклус на БАС. Дали има стратегии што ги применувате за ефективно работење сега како Специјалист по СТРАТЕГИСКИ МЕНАЏМЕНТ

-Желбата за растење и унапредување на фирмата дефинитивно беше клучен мотив за продолжување на моите студии на втор циклус на БАС како специјалист за стратегиски менаџмент. Редовно проведувам детална анализа за да ги идентификувам силните и слабите страни на фирмата, како и можните можностите и заканите од надворешната средина. Ова ми помага да ги прилагодам стратегиите соодветно на тековните услови на пазарот. Воведувам степен на стратегиска флексибилност за да може фирмата брзо да се прилагоди на промени во пазарните услови. Ова вклучува инвестирање во иновации и технологии кои можат да ја зголемат и оперативната ефикасност. Поддржувам  култура на учење во која сите вработени се охрабруваат да ги унапредуваат своите вештини и да се адаптираат на нови трендови. Ова вклучува редовни обуки и работилници, како и поттикнување на креативното размислување. Студиите на БАС ми го  овозможија тоа продлабочено  разбирање за стратегискиот развој и имплементација.Како успевате да го балансирате времето помеѓу водењето на вашата компанија и посветувањето на менаџментско образование…   Поради големата посветеност во салонот како што ни кажавте тука го поминувате скоро целиот работен ден како секој член од тимот на “BОDY M“?

-Кога се сака, се се може. Иако познавајќи ја природата на жените. (Се разбира од долгогодишна работа во салонот). Ние жените обично си поставуваме високи цели, и сакаме се биде совршено, “под конец“ како што би кажале, барем за мене кажувам. Сакаме домот, децата, на работно место да бидеме целосно посветени…Како перфекционист во органзиацијата на работата во салонот, сметав дека ми потребно и пошироко познавање на менаџирањето. Затоа и се запишав на  додопломски и постдипломски студии. Добро беше што ги започнав студиите за време на корона криза, кога работата беше намалена и не се почуствував премноги ангажитрана. Од друг аспект многу добрво ми дојде нешто што ме ангажира во тешките денови на затварање. Јас се посветив максимално на учење. Подоцна продолжив на втор циклус студии. Веќе бев навлезена во материјалот и не ми беше тешко. Се разбира и со добра организација на времето, но и со поддршка најпрво на семејството, потоа и мојот тим од БОДИ М.  Секако без поддршка на семејството околу мене немаше сето ова да се постигне. Тука на прво место мојот сопруг  во секаква смисла, помош околу работата за салонот, морална поддршка во моето доусовршување.  Децата, можам да кажам дека растеа со салонот. Денес е се малку полесно, моите синови израснаа, најпрво во добри личности, кои работат тоа што го сакаат и се успешни секој во своја област. Секако сега  помагаат со нови идеи во овој бизнис. Членовите на тимот на БОДИ М кои ми се како семејство, поминуваме голем дел од времето заедно. Споделуваме свои проблеми, добро и лошо, славиме заедно и ги споделуваме своите грижи заедно. Со задоволство кажувам дека ние сме едно семејство. Со задоволство кажувам дека НИЕ СМЕ ЕДНО СЕМЕЈСТВО. ТАКА СЕ СЕ МОЖЕ.Сега слободно може да се кажа дека салонот “BОDY M“ од Битола е бренд за квалитетни услуги, висока опременсот со најмодерна технологија во светот на козметологија и со хигиенски услови на  највисоко ниво според сите потребни стандарди. За сето ова стои тимот на “BОDY M“, но сигурно најзаслужна е нашата Милка, како успешен менаџер од БАС. Денес Милка Акимовска е олицетворение на водство, визионерство и посветеност. другите околу себе. Жена менаџер која се истакнува со своите лидерски способности не само што води со пример, туку и го претвора секое работно место во простор на можности, развој и иновации. Таа е сила на мудрост, емпатија и одлучност, која знае да го оспособи и да го инспирира својот тим да достигне неверојатни височини. За неа водилка е мислата на  Стивен Спилберг – Вашата работа е да креирате свет кој трае засекогаш.

Жанета Ристевска