Press "Enter" to skip to content

Битола памети: пред 35 години, на денешен ден, 10 мај 1989 година, Димитар Илиевски-Мурато го освои највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 м)

Токму на денешен ден, Битола се сеќава, дека на 10 мај 1989 година, пред 35 години, Димитар Илиевски – Мурато од Битола, член на ПСП Пелистер од Битола, успеа да се искачи на највисокиот врв на светот, Монт Еверес (8.848 м.), како член на  тогашната југословенска алпинистичка експедиција “Еверест ’89“, но за жал, Димитар Илиевски не успеа да го преживее спуштањето од врвот и засекогаш остана таму.

Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се искачи на повеќе планински врвови.

Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен обележје на врвот Димев врв и пред “Копанки“. Посмртно ја доби наградата „Медал за заслуги за Македонија“.

Причината за неговата смрт не е разјаснета до денес, бидејќи за целото време на искачувањето и симнувањето бил во одлична состојба, често пати прaтејки патека во снегот и пред шерпасите.

Секоја година по повод денот на загинување на Мурато планинарскиот клуб Пелистер го организира традиционалниот планинарски марш, кој ќе се организира овој викенд, а покрај маршот се организираа изложби, промоции, предавања… поврзани со Димитар Илиевски-Мурато.

More from ВестиMore posts in Вести »