Press "Enter" to skip to content

Костоски очекува посетеност како на Куп-мечевите, Пелистер оди на победа

Александар Костоски плејмејкерот на Пелистер од Битола, пред вечерашниот натпревар, кој е трет по ред од полуфиналната серија во плеј-офот против Работнички очекува огромна поддршка од публиката во салата “Боро Чурлевски“ најавува голема борба за нов триумф и исчекор кон големото финале во мак-баскетот.

-Се знаеше после ждрепката дека мечевите со Работнички ќе бидат неизвесни и ќе решаваат нијанси. Посакувавме да добиеме еден натпревар во Скопје и успеавме во тоа. Очекувам да имаме посетеност како на Куп-натпреварите и сакам да имаме огромна поддршка од битолската публика. Двете екипи ќе го дадат својот максимум, но ние мора да сме подготвени на физички план и да се обидеме да триумфираме. Не сметам дека Работнички направи големи промени на вториот меч, мислам дека ние бевме поопуштени на почетокот. Добро трениравме овие 5-6 дена. Имаме во ростерот членови кои играле вакви натпревари и мислам дека можеме да ја пренесеме добрата енергија која ќе не одведе до водство од 2-1 во сеирјата. 

More from ВестиMore posts in Вести »