Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи во пелагониското дерби, промоција на “пелистерци“ како прволигаши во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Победа 1:0

Во претпоследното коло од оваа фудбалска сезона во Втората фудбалска лига во Битола екипата на Пелистер со победа го потврди идниот прволигашки статус.На стадионот под Тумбкафе “Петар Милошевски“ Пелистер ја победи прилепска победа со 1:0, полувреме 0:0.Единствениот гол за победа на Пелистер го постигна Ѓорѓи Танушев во 66 минута од натпреварот.По 29 кола од ВФЛМ екипата на Пелистер има 70 бодови и е второто место, а лидер на табелата е Беса која има 74 бода. Двете екипи веќе се прволигаши. По завршувањето на натпреварот навивачката група “Чкембари“ и фудбалерите го продлавија враќањето на Пелистер во Првата лига по две сезони поминати во Втора лига.Во последното коло екипата на Пелистер гостува во Кочани, кај екиата на Осогово.

More from ВестиMore posts in Вести »