Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: изграден кружниот тек кај “Веро“ (фото)

-Битола е стар град со тесни улички посебно во центарот на градот и затоа тешко е да се постави режим на сообраќај кој ќе ги задоволи потребите на битолчани, но тоа е можно на новите сообраќајници. Една од нив е “Васко Карангелевски“ во Нова Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Една од поголемите интервенции во сообраќајниците во градот е изградбата на кружниот тек кај “Веро“, како дел од проектите кои се реализираа согласно програмата на градоначалникот и Советот на општината, реконструкција на улицата “Васко Карангелевски“ и изградба на два нови кружни текови.На кстосницата на улиците “Васко Карангелевски“ и “Паризанска“ беа извадени семафорите и направен кружен тек, а вториот требаше да биде кај влезот кај хотел “Битола“ со цел намалување на брзината на движење затоа што во близина има и детска градинка и училиште, но не беше изграден.

More from ВестиMore posts in Вести »