Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Секундарно родителство

Мораме да признаеме дека денешните деца т.н „Деца на технологија“ растат и се водени од медии: Компјутери, WIFI, видео игри, Internet, Социјални мрежи, Sмарт телефони…затоа и се наречени постојано „вклучени“. Многу деца многу повеќе време, енергија, страст вложуваат во медии, и со ништо друго освен спиење. Тоа го покажуваат и  резултати од истражувања за поминато време време на  Интернет и социјални мрежи. Тие покажуваат дека децата и тинејџерите поминуваат повеќе од 4 часа на Интернет.

Децата се посебно ранливи. Можат лесно да се манипулираат. Тие веруваат во она што го гледаат. Очигледно е дека се бомбардирани од преголем број информации, слики и видеа со непримерена содржина : сексуална содржина, алкохол, насилство, вулгарности и комерцијална содржина.

Со тоа тие всушност ги „тераат“ децата да одрастат многу побрзо од порано. Но, емоционално не се. Уште  поголема опасност што се помалку време поминуваат  со родителите. Ако дури и еднаш сме биле во второстепена или т.н секундарна улога во очите на нашите деца, ние како родители ја губиме контролата во воспитувањето  и насочување кон правилни, вистински морални и етички вредности.

Пример, твоето дете станува многу повеќе чувствително на некои други вредности од вашите сопствени вредности.Тие што му ги сервираат на социјаните мрежи. Тоа е сигурно приклучување кон мислења спротивни од тие на родителите.

 Порака до родителите

Треба да сфатите дека вие би требало да сте најсилното влијание и „инфлуенсер“ во водење на детето кон вредности, ставови и однесување. Исто така и да го заштитите од таквите влијанија. Потребно е да сте што повеќе вклучени во животот на своето дете. Ако родителот поминува долго време со модерната технологија без да му посвети квалитетно време на своето дете, како тоа ќе го очекува од него.

Социјалните мрежи изобилуваат со многу информации кои му се лесно достапни на децата без да се знае што е добро, а што лошо. Контрола од родителите на сите содржини на Интернет и социјални мрежи мора да е ИМПЕРАТИВ, во современото живеење. Добро е да се пратат и дискутираат тие теми заеднички. И во истите активно да се комуницира со детето за да се види Што прати и што е интерес на детето на социјални мрежи и Интернет?, Кои се негови идоли на ТИК ТОК, Инстаграм…,?, Зошто?, Со кого комуницира? За кои цели му служи Интернетот?:..

Потоа да им се прекине следење на некои видови содржини кои имаат експлицитна содржина неприлагодена за возсраста на детето. Во некое време порано се гледаа филмови кога точно се знаеше кој е разбојник, а кој е добар а кој е лош. Како во бајките кога лошото секогаш го победува злото. Кој треба да се сака, а кој не треба. А, детето сака движење, акција, сака правда. Но, во сериите што се прикажуваат секоја вечер,или  на социјалноте мрежи, не се знае повеќе кој е позитивен лик, а кој не е. При тоа негативците, насилниците, ријалити звезди, понекогаш се многу „поинтересни“ шармантни и децата се идентификуваат со она што го гледаат.

На социјалните мрежи нема многу поддршка, повеќе критикување, вулгарности и содржини кои носат сензационализам лајкови и следачи. Децата како конзументи на овие содржини не можат да рааспознае што е добро или лошо заради тоа што неговата перцепција и поимање можат деа бидат под влијание на виртуелниот свет каде се значајни големиот број следачи или лајкови и според нив се вреднува и содржината.

Тука и неме место за емпатија. Со ова го допираме и прашањето за емпатија.

Емпатијата е карактеристика на висока емоционална интелегенција значајна за секого.

Таа значи перцерпирање, препоизнавање и соживување со чувствата на другите луѓе и како да го насочуваме  нашето однесување за да имаме подобра комуникација. Искуства и примери од секојдневниот живот при одрастувањето на нашите деца  покажале дека емпатијата е вродена. Искуство на една мајка: кога моите деца беа бебиња се расплачуваа  кога едното плачеше или правеше мимика за да плаче се расплачуваше и другото, или кога едното се повредеше другото плачеше за него – односно  сестричето  се вознемируваше“.