НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола започна со реализирање на проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост – добри практики“ кој трета година по ред е одобрен од Министерство за култура.-Оваа година проектот го започнуваме во соработка со лицата од ЦПЛИП „ Порака“ од Битола. Првата работилница ја посветуваме на нашиот роден крај Битола и запознавање со неговите уникатни историски градби: Старата битолска чаршија со сите нејзини стари занаети, Безистенот, Саат кулата, Исак џамија и Јени џамија, црквата Св. Димитрија и една од најубавите улици во Битола Широк сокак. Работилницата „ Разгледница од Битола“ имаше за цел да го поттикнеме читањето кај овие лица на интересен и забавен начин преку посета на знаменитостите, рекоа од библиотеката.Денот беше искористен деца со попреченост да научат од каде доаѓа името на нашиот град Битола, за еснаф занаетите кои и денес ја красат старата битолска чаршија. За затворениот пазар или Безистенот кој крие голем број на тајни за некогашната трговија. За градењето на џамиите и црквите во нашиот град. И за приказните кои и денес ги нижи Широк сокак.
Библиотеката ги поттикнува да читаат децата со попреченост (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска