Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола го играат четртиот полуфинален натпреавр во кој преку победа ќе бараат пласман во финале и борба за титула против МЗТ СКопје.
По победата во петокот кошаркарите имаа доволно време за опоравување, а тренерто Дарко Радуловиќ да го подготви последниот натпревар во Битола, за што вели:
-Би сакал да го однесеме натпреварот во некоја полесна завршница, но сите знаеме каков тим е Работнички и со каков квалитет располага, пополнет на сите позиции со квалитетни кошаркари. Работнички е една искусна екипа, а од она што го видовме на последните два натпревари е доказ зошто е тука, и дека дефинитивно нема да биде лесно вечерва, а за самиот натпревар додаде.
-Ак0 успееме да наметнема наша игра, и ќе потенцирам повторно, со поддршка на трибините, и тоа насока ќе ја замолам цела Битола и навивачите на брендот Пелистер вечер да дојдат да не поддржат и да ни помогнат во обидот да стигнеме до финале на полесен начин. Ние се подготвуваме за секој детал од натпреварот во делот кој ние го работиме и во делот кој тие го работат. Сите сме свесни дека енергијата и квалитетната одбрана ни ја донесоа победата во претходниот натпревар, а и на почетокот реков дека победите ќе ги носи одбраната, па така мислам дека ќе биде и овој пат.