Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога и пријава за обљуба

На 14.05.2024 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 42 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2024 во 17.30 часот во СВР Битола, малолетничка од Битола, во присуство на нејзината баба, пријавила дека пред околу два месеци нејзиното поранешно момче на возраст од 21 година од Прилеп извршил обљуба над неа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »