Press "Enter" to skip to content

Europe House Bitola ве поканува на одбележување на Денот на Европа и првиот роденден

Europe House Bitola Ве поканува на заедничко ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА
ЕВРОПА, а воедно и нашиот прв роденден.

НИЕ СМЕ ТУКА, ТИ КАЈ СИ?

 18 MAJ | САБОТА

12:00 – 19:00 | CHILL ZONE | EUROPE HOUSE BITOLA / ПАРК ПОЗАДИ ОФИЦЕРСКИ
ДОМ

Денот го започнуваме дома, во Europe House Bitola и дворот позади Офицерски дом во нашата CHILL ZONE уживајќи во добра музика и креативна изложба DANCING PHOTONS.

Изложба на цијанотипии [Зрно – Фестивал на алтернативна фотографија] DEJAN DEX [live set] Open-air vinyl session

21:00 – 01:00 | NIGHT SHIFT | Europe House Bitola]

Во НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – БИТОЛА со NIGHT SHIFT програмата, каде нѐ чека сериозна забава

21:00 – 22:00 LESYA [Harm, Mousai]
22:00 – 23:30 DIE ARKITEKT [Independent, Athens, Greece]
23:30 – 01:00 DIAH [Vehemence, Mousai]

Ноќната смена започнува и завршува со LESYA и DIAH, членки на динамичниот женски
колектив MOUSAI кои веруваат дека заедничката љубов кон музиката може да ги обедини
луѓето на моќни начини.

Die Arkitekt: Авангарда од минатото, Техно од иднината

Атинскиот музички продуцент и диџеј Die Arkitekt е познат по комбинирањето на неговите
електронски и класични музички влијанија, за да создаде електронски звук кој е лојален на
неговите корени. Неговата авангардна музика споена со концептуален изглед создава
извонредно искуство што го транспортира слушателот во неговиот мрачен имагинарен свет.