Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: екипата на Металург промовирана за првак во Битола (фото)

-Екипата на Металург во Битола да го подигна пехарот за најдобра екипа во Македонија во сезоната 2013/14 година, иако тоа не им беше по мерак, сепак, околу 2.000 битолчани со аплауз го поздравија првакот во Супер македонската ракометна лига, а секако аплаузот беше упатен и кон ракометарите на Пелистер, кои одлично и многу борбено одиграа против првакот, иако победникот беше познат пред да започне натпреварот, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Екипата на Металург не дозволи ниту во еден момент да биде загрозена победата во Битола и со тоа да ја изгубат титулата, бидејќи ако загубија првак ќе беше повторно Вардар.Екипата на Лино Червар покажа дека со право е меѓу најдобрите европски екипи.Од друга страна екипата на Игор Николовски, Пелистер, се покажа како добра екипа, а со помош на навивачите покажаа дека има иднина во оваа млада екипа.Медалите на екипата на Металург им ги доделија директорот на Агенција за спорт и млади Марјан Спасевски и претседателот на Пелистер, Сашко Павловски.На капитенот на Металуг, Ванчо Димовски, му го врачи и големиот пехар за освоенатата титула.

More from ВестиMore posts in Вести »