Press "Enter" to skip to content

Прв работен настан на УКЛО Битола во рамки на Алијансата КОЛОРС (фотогалерија)

Партнери од девет универзитети членови на Алијансата КОЛОРС од работниот пакет 5,  академски, административен кадар и студенти, одржаа состаноци посветени на актуелни прашања за еднакви можности и услуги во високото образование.Честа да биде домаќин му припадна на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола .  И овој, како и другите настани во европската универзитетска алијанса КОЛОРС се одржуваше хибридно, со што вклученоста на сите партнери и соработници е максимална. Од 16-18 мај 2024 г. УКЛО ги обедини партнерите и повеќе надворешни  актери во проблемска дискусија чии главени приоритети се диверзитетот, еднаквоста и инклузијата.Проректорот од УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, раководител на пакетот 5 на УКЛО нагласува дека главната цел на проектот е деветте универзитети на КОЛОРС да се трансформираат во универзитети кои се наклонети да работат во полза на заедницата со суштинска и конкретна ориентација кон вакви актуелни теми.Професорот Мартин Јенс Персон, од партнерскиот универзитет Кристијанштад, Шведска, раководител на работниот пакет 5 на ниво на Алијансата,  осврнувајќи се кон инклузијата во високото образование смета дека академијата го облагородува општеството се вклучување на лица независно од аспектите на различност и попречност, од различни возрасти и профили. На работните средби се констатираа сличностите и разликите на политиките за еднаквост, диверзитет и инклузија во деветте партнерски институции, како и на ниво на држави и ЕУ, а се воспоставија и заеднички категории и принципи со кои ќе се работи на унапредување на истите на ниво на Алијанса.Преку Алијансата КОЛОРС, ние како УКЛО успеваме да го манифестираме фактот дека УКЛО е рамноправен член на една ваква значајна, историска и богата Алијанса со знаење, компетенции, предизвици, порив и желба да се напредува на колективно ниво, оценува академскиот раководител на КОЛОРС УКЛО, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска.Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски оценува дека дејствувањето на КОЛОРС ќе донесе тотална промена во работата на УКЛО на ниво на Алијанса и пошироко, став што го потврдува и Сана Гета, потпретстедател за меѓународна соработка на Универзитетот Ле Ман во Франција и кораководител на пакетот 5 на Алијансата. Таа ја нагласува важноста од одржување на вакви средби на членовите на Европската универзитетска алијанса КОЛОРС и истакнува дека  за ефектите од Алијансата во регионот и за нивно влијание во
општеството, потребно е повеќе време.Состанокот на работната група 5 на КОЛОРС е заокружен со заклучоци произлезени од меѓусебната конверзација на претставници од училишта, организации и невладиниот сектор,  при што се детектирани и идентификувани одредени перцепции, практики и конкретни активности, насочени за подобрување и унапредување на културата на еднаквост, диверзитет и инклузија како прашања кои ги засегаат сите општествени чинители.Хибридниот настан од работниот пакет 5  својата практичност ја потврди благодарение на заедничка дебата  и вклученост на различни општествени чинители во напорите да се унапредат сознанијата и пристапите за инклузија во високото образование со акцент на следење на индикаторите за инклузивна средина, како што се градење инклузивна култура, креирање инклузивна политика и развивање инклузивна практика.Во фокус на анализираните  конструкции  се активирани темите за  инклузивна средина, инклузивни вредности, универзитет за сите, преку промовирање на  различноста, организација и мобилизирање на ресурси според мислењето на училишни и универзитетски педагози и стручњаци од други комплементарни области.На состанокот на работната група 5 на Колорс се констатираа разликите, но и сличностите на политиките на универзитетите членки на Алијансата, како и на државните и меѓународните регулативи во однос на инклузивноста, и се започна со утврдување на заеднички пристап за унапредување на истите.Заложбата е единствена, достапноста на универзитетското образование за сите е нужен стандард што треба да се поседува и да биде јасно изразен и применлив.

More from ВестиMore posts in Вести »