Литературна вечер со Стефан Симиќо просториите на НУУБ “Св. Климент Охридски” – Битола се одржа прекрасен литературен настан со гостување на познатиот поет и социолог Стефан Симиќ од Србија. Настанот привлече голем број љубители на поезијата и културата, кои имаа можност да се запознаат со творештвото и размислувањата на овој истакнат автор.
Стефан Симиќ, роден во Параќин и дипломиран социолог од Филозофскиот факултет во Белград, ги претстави своите пет книги. Преку своите дела и настапи, Симиќ успева да пренесе длабоки пораки за меѓусебното разбирање, толеранција и соработка меѓу луѓето, поддршка итн. Неговото излагање беше полн со емоции и инспирација, истакнувајќи ја важноста на уметноста како средство за зближување на луѓето и поттикнување дијалог за општествените прашања.
Публиката беше воодушевена од неговите стихови и размислувања. На крајот на настанот сите присутни имаа можност да добијат примерок од неговаата книга. Оваа вечер ќе остане запаметена како извонреден културен настан во кој сите уживаа во прекрасната атмосфера.

Преубава литературна вечер со Стефан Симиќ во Библиотеката
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Младата пијанистка Мила Нечовска со прв солистички концерт во Битола (фотогалерија)
- Окованделија го отвора новиот циклус: „Артеизам“ – уметноста надвор од мртвата риба
- Концерт на триото “Интерарт“ од Битола во македонскиот КИЦ во Загреб
- Mјузиклот “Као какао“ ќе го отвори 18. битолското културно лето “Битфест“ (фотогалерија)









