Во рамките на проектот: „Дигитална инклузија на возрасни Роми: стекнување знаења и вештини за е-Услуги“, во хотел “Премиер“, се одржа настан на кој се промовираше платформата за учење “ДИРА“.
Координатор на проектот е финската фондација Деаконес, во соработка со Факултетот за информатички и комуникациски технологии- Битола и партнери од Финска, Италија и Србија. Проектот е финансиран од Европската Комисија преку Еразмус + Програмата, во областа на партнерства за соработка во образованието на возрасни.
Целта на промотивниот настан беше да се промовира платформата за учење “ДИРА“, начинот на кој истата функционира и како може да се користи. Оваа платформа за учење ќе резултира со подобрување на социо- економската положба на возрасните Роми преку ИТ образование и развој на дигитални вештини и компетенции што ќе ја оспособат возрасната популација и социјално загрозените луѓе да почнат да ги користат достапните електронски уреди и услуги.
Проектот “ДИРА“ нуди платформа за учење и тренинг на возрасни за користење на е-Услуги и електронски уреди, кои го поддржуваат образованието на возрасни. Проектот има влијание врз образованието на возрасни на локално, регионално, национално и меѓународно ниво.
На овој настан се обрати Ангелка Диневска, претставник од МИОА, која дискутираше за заложбите и услугите на Министерството во насока на поддршка на проекти од ваков тип. На настанот присутни беа претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор, како и студенти, кои со свои предлози и идеи ја поддржаа реализацијата на проектот.
Проф. д-р Андријана Боцевска се фокусираше на образложение на функционалноста, корисноста и работењето на платформата. Особено радува фактот дека во изработката на оваа платформа за учење, беа вклучени и студенти од ФИКТ.
На настанот забележителна беше конструктивна дискусија и предлози за понатамошни проекти со фокус кон социјална инклузија на возрасните во делот на дигиталните вештини.

Промовирана платформата за учење “ДИРА“ во рамките на проектот дигитална инклузија на возрасни Роми (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер обезбеди “Ф4“ во Купот
- Соопштение на “Чкембари“ – Битола за состојбата во ФК Пелистер
- УКЛО втора година по ред објавува Конкурс за наградување на извонредноста на студентите
- Започна изградбата на училишната спортска сала во ОУ “Стив Наумов“ – Битола
- АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции





