Press "Enter" to skip to content

Четири кугларки од Битола на светско екипно првенство во куглање за куглари до 23 години во Словачка

-Селекторот на младинските категории, Игор Михајловски во тимот го има и битолчанецот  Александар Младеновски, член на кугларскиот клуб Макпетрол.

На 21 мај, со свечено отворање во Арената во Брезно – Словачка, започнува XXII светско екипно првенство во куглање за куглари до 23 години. Ќе учествуваат натпреварувачи од 16 земји од Европа, за веднаш по завршувањето од 26 мај започне и IX Поединечното светско сениорско првенство. Македонија ќе има свои натпреварувачи и тоа 5 (пет) до 23 години и 4 (четворица) во сениорска категорија.

Селекторот на младинските категории, Игор Михајловски код Битола ој воедно и претседател на Македонската кугларска федерација, избра за настап на ова СП четири девојки од кугларскиот клуб Пелистер Пин од Битола (Стефанија Алексовска, Андреа Вељаноска, Ивана Трајчевска и Даниела Ѓуровска).Селекторите на сениорската селекција Димитар Димитровски и Перо Гијевски ја одбраа  Стефанија Алексовска од Пелистер Пин.

Селекторот на младинските категории, Игор Михајловски, пред отворањето на светското првенство рече:

-Подготовките на младите куглари за ова СП траеа во континуитет повеќе месеци изминатиот период на двете куглани кои ги имаме во Македонија, во битолската “Боро Чурлевски“ и во скопската куглана во ГТЦ. Можам да кажам дека истите течеа согласно договореното темпо, со тоа што ни се случија две сериозни повреди кои прилично го изместија системот на работа, но за среќа успеавме да ги санираме повредите на време и сите наши натпреварувачи здрави ќе настапат на јуниорското светско првенство. Беа направени и два меѓународни контролни активности во Србија (Ниш и Ковачица) со што се надевам успеавме да го компензираме хендикепот со кој се соочуваат сите македонски куглари, а тоа е малиот број на куглани во земјата и неможноста да се прилагоди сопствената игра на различни и помалку познати патеки.За очекувањата Михајловски додаде:

-Неблагодардно е да прогнозирам, повеќето од македонски репрезентативци кои ќе настапат имаат доволно меѓународно искуство и квалитет да можат достојно да парираат на најголемиот дел од учесниците. Верувам во овие деца бидејќи вложуваат многу во себе во смисла на усовршување на својата кугларска техника и психолошка подготвеност што е многу значајна во секој спорт, а посебно важно во куглањето. Имаат и квалитетни резултати позади себе кои дополнително треба да ја зајакне нивната самодоверба.  Форматот на натпреварувањето е така направен да простор за грешка нема.Стефанија Алексовска која во моментот е на 91 место на светската ранг листа ќе остане да се натпреварува и со сениорите. Михајловски очекува квалитетна игра од нејзина страна на поединечното светско првенство, што би значело и НБЦ поени и нејзин скок на официјалната ранг листа.

More from ВестиMore posts in Вести »