Press "Enter" to skip to content

Денес 40. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 35 точки

Претседателот на Советот на Општината Битола Габриела Илиевска, врз основа на член 26 став 2 од Статутот на Општината Битола и член 56 од Деловникот на Советот на Општината Битола за денес,  22 мај 2024 година, со почеток во 10 часот ја закажа 40. седница на Советот на Општината Битола. 

На седницата ќе се расправа по 35 точки од дневниот ред, за промање донации, за прифатилиштето за кучиња да биде дадено на “Комуналец“, за дел од програмите на Општина Битола, за завршни сметки на училиштата и градинките…

Комплетниот дневен ред е: 

1. Одлука за примање на донација- надзор за поставување на сообраќајна сигнализација на територија на Општина Битола,даден од страна на НАСА КОМ ДОО Скопје.

2. Одлука за давање на стопанисување на недвижен имот: „Прифатилиште за сместување бездомни и нерегистрирани кучиња” на ЈП „Комуналец” Битола

3. Програма за измена и дополнување на Програмата за економски развој на Општина Битола за 2024 година.

4. Програма за измена и дополнување на Програмата за развојни планови на Општина Битола за 2024-2026 година.

5. Програма за измена и дополнување на Програмата за финансирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2024 год.

6. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола.

7. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Коле Канински“ Битола.

8. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Д-р Трифун Пановски“ Битола.

9. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Битола.

10. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица.

11. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Св. Климент Охридски“ Битола.

12. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Елпида Караманди“ Битола.

13. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Даме Груев“ Битола.

14. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Гоце Делчев“ Битола.

15. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола.

16. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Александар Турунџев” с.Кукуречани, Битола.

17. Завршна сметка за 2023 година на ОУ „Стив Наумов” Битола.

18. Завршна сметка за 2023 година на СОУ „Таки Даскало“ Битола.

19. Завршна сметка за 2023 година на СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола.

20. Завршна сметка за 2023 година на ОСМУ „Др- Јован Калаузи“ Битола.

21. Завршна сметка за 2023 година на СОЕУ „Јане Сандански“ Битола.

22. Завршна сметка за 2023 година на СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола.

23. Завршна сметка за 2023 година на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола.

24. Завршна сметка за 2023 година на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.

25. Завршна сметка за 2023 година на ЈОУДГ „Мајски Цвет” Битола.

26. Решение за давање согласност на Одлуката за ништење на расходован ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУ ДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.

27. Решение за давање согласност на Правилникот за измени и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во ЈОУ ДГ „Мајски Цвет” Битола.

28. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните (јавните) службеници вработени во ЈОУ ДГ „Мајски Цвет“ Битола за 2024 година.

29. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на максималниот износ на вредност на бодот за пресметување на платите на давателите на јавни услуги и директорите на јавните установи за деца за 2024 год. во ЈОУДГ „Мајски Цвет“-Битола.

30. Решение за давање согласност на Одлуката за отуѓување на отпадниот материјал без книговодствена и употребна вредност во СОЕУ „Јане Сандански” Битола.

31. Решение за давање согласност на Одлуката за отуѓување на отпадниот материјал без книговодствена и употребна вредност во ОСМУ „Д-р Јован Калаузи” Битола.

32. Решение за давање согласност на Одлуката за зголемување на основната бруто плата на вработените во јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг Битола.

33. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во КЈП Нискоградба Битола.

34. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во МЈП Пелалинк Битола.

35. Решение за давање согласност на Одлуката за линеарно зголемување на платите во ЈП СИЗ „Жабени” Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »