Press "Enter" to skip to content

Земјоделското училиште “Кузман Шапкарев“ – Битола преку видео го претставува нивните смерови

-Учениците со стекнатото знаење во СОЗУ “Кузман Шапкарев“ – Битола ги продолжуваат, надоградуваат и модернизираат своите семејни бизниси и се стручно оспособени за креирање на нови иновативни бизниси од областа на зелено земјоделство.

Во пресрет на уписите за учениците во прва година средно, СОЗУ “Кузман Шапкарев – Битола“, најстарото земјоделско училиште во нашата држава, ги запознава со сектори и квалификации за кои можи основците да се одлучат и да ја одберат нивната идна професија.

СОЗУ “Кузман Шапкарев – Битола“ ги поканува основците да бидат дел од нивните смерови:

-Техничар за ветеринарна медицина

-Агротехничар за традиционално и органско производство

-Техничар за фитомедицина

-Техничар за агрoменаџмент

-Агротехничар.

Производстевото на здрава органска храна е се повеќе актуелна и кај нас и во европските земји и во таа насока се одвојуваат големи средства за поддршка и субвенционирање на бизниси од таа областа.

Учениците со стекнатото знаење во СОЗУ “Кузман Шапкарев“ – Битола ги продолжуваат, надоградуваат и модернизираат своите семејни бизниси и се стручно оспособени за креирање на нови иновативни бизниси од областа на зелено земјоделство.

Europe House Bitola ја препозна стручноста на нашето училиште и даде поддршка на младите кои делуваат во земјоделско- ветеринарниот сектор.