Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите во Битола со -2 ќе продолжат во финалната серија против МЗТ

МЗТ Скопје – Пелистер 80:75 (2:0)

Екипата на Пелистер од Битола, повторно како и во првиот натпревар, во драматичен натпревар во салата “Јане Сандански“ во Скопје, не успеа да победи и да го направи толку посакуваниот “брејк“ во финалната серија од пет натпревари. 

“Пелистерци“ имаа одличен почеток на вториот меч од финалната серија. Во осум минути направија големи (8:22). Но во двете минути кои следуваа, шампионот се врати со своја серија од осум поени, за прифатливи (16:22) по една одиграна четвртина. Втората четвртина  беше во корист на домашната екипа. Гостите од Битола водство од (28:22), но потоа уследи уште една серија на „металците“ по која дојде и до промена на водството 31:30. Првото полувреме да заврши со предност на МЗТ и резултат 46:43.

И второто полувреме го започна добро, реализирајки ги првите три напади, но потоа следуваше една серија од 10:0 на МЗТ за 56:48 па Радуловиќ беше приморан да повика тајм-аут во 25. минута. Пелистер и понатаму продолжи со слаба реализација па предноста до крајот на четвртината се задржа на сигурни +9 за МЗТ.

Во последната четвртина “пелистерци“ влегоа многу похрабро и со секоја минута предноста полека ја намалуваа, па на три ипол минути до крајот дојде на на само -3 (76:73). Во последната минута Пелистер влезе со негатива од 5 и со напад, но по еден неораганизиран напад беше приморани да шутира од неизградена позиција, и за жал Магдевски не успеа да погоди. Имавме уште еден напад за намалување на водството, но и по три шутеви за 3, не успеавме да погодиме, па остана конечниот резултат 80:75.

Кај Пелистер Костоски постигна 17 поени, Маслинко 15, Планиниќ 13.

More from ВестиMore posts in Вести »